Ебола

Што е Ебола вирусна болест?

Ебола е ретка, тешка болест, често смртоносна, предизвикана од вирусот Ебола.

Се пренесува преку директен контакт со крв или други телесни течности (плунка, урина) од инфицирани луѓе, живи или мртви. Ова вклучува и незаштитен сексуален контакт со пациентите до седум недели откако тие оздравеле.

Исто така, болеста може да се добие преку директен контакт со крв и други телесни течности од диви животни, живи или мртви, како што се мајмуните, шумските антилопи и лилјаците.

Ебола вирусот не се пренесува низ воздухот како што се пренесува вирусот на грип.

По два дена, а и до 21 ден по експозиција на вирусот, болеста може да започне одеднаш со треска, болки во мускулите, слабост, главоболка и болки во грлото.

Во следната фаза, болеста се карактеризира со повраќање, дијареа, осип и нарушена функција на црниот дроб и бубрезите. Некои заболени, исто така, имаат обилно внатрешно и надворешно крварење и мулти-органска инсуфициенција.

Не постои вакцина или специфичен третман за оваа болест.

Ризикот од инфекција со вирусот на Ебола и како да се избегне

Дури и за жители, но и за лица кои патувале во зафатени области, ризикот од инфекција со вирусот на Ебола е исклучително низок, освен ако не се директно изложени на телесни течности на мртви или живи заразени лица или животни. Контакт со телесните течности вклучува и  незаштитен сексуален контакт со пациентите до седум недели откако тие оздравеле.

Повремени контакти на јавни места со луѓе кои не се болни не се ризик за добивање Ебола!
Ебола не се добива при ракување со пари, намирници или пливање вобазен!
Комарците не го пренесуваат вирусот на Ебола!

Ебола вирусот лесно се уништува со сапун, варикина, сончева светлина или сушење. Перење во машина за перење алишта која е контаминирана со заразени течности ќе го уништи Ебола вирусот. Ебола вирусот ќе преживее само кратко време на површини кои се изложени на сонце или се исушени.

Епидемија во 2014

Во моментов во тек е епидемија на Ебола во Гвинеја и Либерија. Следните информации даваат некои совети за патниците кои пристигнуваат во, или заминуваат од зафатените области.

Совети за луѓето кои патуваат во Гвинеја и Либерија

Ризикот од експозиција на вирусот на Ебола е исклучително низок. Следниве превентивни мерки треба да го елиминираат ризикот од заразување:

  • Избегнување на директен контакт со крв или телесни течности назаразен или мртов човек и со објекти предмети кои може да секонтаминирани;
  • Избегнување на близок контакт со диви животни и консумирање на“bush meat” (месоод диви животни во Африка и Азија);
  • Избегнување на незаштитен сексуален однос; 

Совети за луѓето кои ги напуштаат Гвинеја и Либерија

Ризикот за експозиција на Ебола вирусот е многу низок.

Сепак:

Ако имате треска, необјаснив замор, дијареа или било кои други тешки симптоми,неколку недели по заминувањето од тропска област, ТРЕБА ДА:

  • Барате итна медицинска помош и да го напоменете патувањето воовие области, бидејќи може да се резултат на инфекција како маларија којабара итно иследување и третман.

Ако сте биле директно изложени на какви било телесни течности од мртви или живи заразени лица или животни, вклучувајќи незаштитен сексуален контакт со пациенти кои оздравеле, ТРЕБА ДА:

  • Барате итна медицинска помош и да го напоменете патувањето воовие области.

Контактирајте ја медицинската установа по телефон пред да ја посетите!, со цел да им се овозможи на медицинските лица да користат соодветна заштита во моментот на прием.