Во Службен весник на РМ бр.170/2017 се објави измена и дополнување на Законот за сметководство за буџетите и буџетските корисници. Новините во законот влегуваат во сила од 5 декември 2017 година.
Согласно измените

буџетите и буџетските корисници се должни завршните сметки да ги објават на својата веб страница во рок од 15 дена од денот на доставување на завршните сметки до Регистарот на годишните сметки при Централниот регистар.
Буџетите и буџетските корисници се должни да ги објават завршните сметки за 2016 година на својата веб страна во рок од 15 дена од влегување во сила на законот, односно до 20 ДЕКЕМВРИ 2017 ГОДИНА.
Согласно дополнувањето на  член 30 се воведе глоба од 500 до 800 евра во денарска противвредност за одговорното лице на буџетите и буџетските корисници доколку не се објават завршните сметки на својата веб страница во определениот рок.

Leave a Comment