Курс по хигиенски минимум

Печати
Категорија: Услуги Објавено на Четврток, 21 Март 2013
Share

Обука по хигиенски минимум

      ЈЗУ Центарот за јавно здравје Тетово е овластена институција (Решение бр.02-605/5 од 11/02/2013 год.издадено од АХВ на Р.Македонија) за спроведување на обука и проверка на знаењата , за  стекнување на основни знаења за беѕбедност на храната,правила за добра хигиенска пракса  и заштита на животната средина согласно Правилникот  (Службен весник на Р.Македонија бр.5/2013 год.) и останатите законски прописи.

   За таа цел обезбедени се предавачи со соодветно образование ,искуство и знаења и формирана е Комисија за начинот на проверка на знаењата и издавање Потврда за стекнати основни знаења за безбедност на храната.

Начин на спроведување на обуката

    Обуката се спроведува преку тематска настава од 15 школски часа од областите наведени во програмата ,како и практични примери за соодветната област.

 Програма за стекнување на основни знаења за безбедност на храната:

1.Законодавство од областа на безбедност на храната - 1 час

2.Безбедност на храна - 1 час

3.Болести кои се пренесуваат преку храна - 2 часа

4.Хигиена во синџирот на храна - 3 часа

5.Лична хигиена - 1 часа

6.хигиена на објекти за производство и промет со храна - 3 часа

7.Контрола на безбедност на храната - 1 час

8.Безбедност на храната и животна средина - 1 час

 

За кои лица е задолжителна обуката

    Обуката е задолжителна за сите лица вработени во бизнисот со храна.(производство,дистрибуција,промет на храна)

 

Полагање на испит

Испитот за стекнати знаења се спроведува по завршувањето на обуката, со писмено полагање со времетраење од 60 минути.

Комисијата од три члена се грижи за правилно, објективно и непристрасно спроведување на испитот.

Испитот се смета положен, доколку кандидатот одговорил минимум 60% на поставените прашања.

По завршениот испит кандидатот добива Потврда за стекнати основни знаења за безбедност на храната.

Обуката/наставата се изведува во просториите на Центарот за јавно здравје Тетово, или во простории на операторот со храна на нивно барање.

 

 

 

 

Share
Посети: 4122

ЈЗУ Центар за Јавно Здравје - Тетово
Copyright © 2012