Исхрана и здравје

Печати
Категорија: Услуги Објавено на Четврток, 21 Март 2013
Share

          Исхраната е најважен и најдинамичен еколошки феномен од кој зависат сите фази на растот и развојот на човекот и неговата еволуција во биолошка и културна смисла.

         Правилната исхрана е основен услов за правилен развој на организмот,но и за спречување на болестите ,за брзо лекување и закрепнување доколку се појават. 

Со прав избор на храна се одржува здравјето и продолжува животот

 

          Активностите се спроведуваат преку здравствена воспитна активност од областа на квалитетот на исхраната и здравјето.

 

Едукативни совети:

 

- правилна исхрана и безбедност на храната за животните   функции и здравјето на човекот

- правилна исхрана како здрав начин на живеење

- што подразбира правилната исхрана,

- рамнотежа,разновидност и умереност на храната,

- подобрување на квалитетот на живеење-физичка активност

- контрола на болести поврзани со храната

 

Определување на потребите од хран 

- дневен препорачан енергетски внес и внес на хранливи материи(микро и макронутриенси) за одредени популациони групи.

-антропометриски мерења:ТВ, ТТ и одредување на БМИ

  

Препораки за превенција на  :

- зголемена ,прекумерна и недоволна телесна тежина;

зголемени вредности на холестерол ,

- зголемени вредности на шеќер во крвта

зголемен крвен притисок

кардиоваскуларни заболувања

болести на органите за варење

анемии

шеќерна болест и секое останато одстапување од здравјето на организмот.

      Здравствено воспитната дејност се спроведува во просториите на ЈЗУ Центарот за јавно здравје Тетово, или преку групни предавања во училишни установи.

  

 

 

Share
Посети: 3591

ЈЗУ Центар за Јавно Здравје - Тетово
Copyright © 2012