Полагање на стручен испит

Печати
Категорија: Услуги Објавено на Вторник, 26 Февруари 2013
Share

ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ

Од 2005 година во надлежност на Центрите за јавно здравје во Република Македонија премина и организацијата и полагањето на стручниот испит (т.н.државен испит) на лицата што завршиле средно, више и високо образование од областа на медицината на територијата на Р.Македонија со следниве занимања:

  • Медицински лаборантски техничари;
  • Виши санитарни техничари - лабораториски аналитичари;
  • Висока - специјалист лабораториски аналитичар.

       За таа цел, а во согласност со Законот за здравствена заштита на РМ, при ЈЗУцентар за јавно здравје Тетово формирана е Комисија за полагање на стручни испити.

Потребна документација за полагање на стручен испит:

  • диплома - уверение за завршено образование (заверено на нотар);
  • фотокопие од лична карта;
  • стажантска книшка;
  • уплатница од 6.000 денари;
  • барање;

        По поднесувањето на барање, на кандидатот веднаш ќе му биде закажан термин за полагање.  Полагањата се одржуваат секоја последна недела во месецот во 16 часот

Share
Посети: 3702

ЈЗУ Центар за Јавно Здравје - Тетово
Copyright © 2012