Дејности

Печати
Категорија: Дејности Објавено на Вторник, 25 Декември 2012
Share

  Дејноста на Центар за јавно здравје опфаќа активности утврдени со законот за здравствена заштита на Р. Македонија. Националната годишна програма за јавно здравје на Р.Македонија за превентивна здравствена заштита и другите законски прописи што имаат за цел преземање мерки и активности за унапредување на здравјето на населението, истражување и детектирање на причините за појава на заразните и другите заболувања, како и здравствено-еколошките фактори на животната средина.

 Организационо дејноста на ЦЈЗ Тетово е поставена како:

-          Хигиено-санитарна дејност,

-          Епидемиолошка дејност со ДДД,

-          Лабораториска дејност,

-          Социјално медицинска дејност,

-          Дејност на економски, материјално финансиски и други работи.

 

За целосно оствраување на целите и задачите на споменатите дејности, работата во ЦЈЗ- Тетово е организирана во следниве оддели:

 

  1. Одделение за Санитарно хигиенска дејност со здравствена екологија
  2. Оддел за Епидемиологија со ДДД
  3. Оддел за Социјална медицина
  4. Оддел за Лабораториска дејност со паразитологија
  5. Служба за Економски, материјално финансиски, правно и друго административно работење

 

Во рамките на ЦЈЗ – Тетово работи и подрачна единица Гостивар со истите одделенија.

Ваквата организациона поставеност на центарот е врз основа на статутот, правилникот за работа и работните задачи и другите акти на ЦЈЗ – Тетово. Дејностите на Ценатрот се одвиваат со соодветен календар, простор и опрема.

Одделите во ЦЈЗ – Тетово се сместени во ѕидан наменски граден објект и во основа ги задоволуваат санитарно-хигиенските норми.

Во Одделот за санитарно-хигиенска дејност со здравствена екологија, одделението за санитарна хемија за тестирање храна и вода и во Одделот Лабораториска дејност – одделение за санитарна микробиологија се врши тестирање на храна и вода.

Тестирањето на храната и водата за пиење се вршат според единствени организациони правила, процедури и методи за тестирање, а кои се во согласност со валидните методи, македонските и меѓународните стандарди, законската и подзаконската регулатива, барањата на ISO/IEC 17025, ISO 9001:2008 и потребите на корисниците на услугите.

ЦЈЗ Тетово во своите програмски планирања ќе дава приоритет на постојаното стручно усовршување на кадарот и осовременување на опремата за работа.

 

 

 

 

Share
Посети: 3842

ЈЗУ Центар за Јавно Здравје - Тетово
Copyright © 2012