H1N1

Печати
Категорија: Дејности Објавено на Понеделник, 02 Декември 2013
Share

 “Новиот” грип е акутно инфективно заболување, предизвикано од нов подтип на А/H1N1 вирус, кој претходно не е идентификуван ниту кај свињи ни кај луѓе. CDC (Атланта) утврди дека вирусот е контагиозен и се пренесува од човек на човек. 

 

Вирусот содржи сегменти од 4 различни типови на вирусот на инфлуенца, и тоа: 

   - Северно-американски свински, 

   - Северно-американски птичји, 

   - Северно-амрикански хуман, 

   - Евроазиски свински, 

Клиничката слика може да се манифестира од лесна до многу тешка форма (исто како сезонскиот грип). 

 

Како се пренесува “новиот грип”? 

   • директно, преку контакт со лица веќе заразени од “новиот грип”, 

   • директно, преку капкичките исфрлени при кашлање и кивање на инфицираните луѓе, 

   • индиректно, преку предмети загадени од инфицирани луѓе. 

 

Кои се знаци и симптоми на “нов грип” кај човек? 

После инкубација од 3-7 дена, се јавуваат првите симптоми (слични на симптомите на сезонски грип): покачена телесна температура, кашлање, кивање, болки во грло, болки во мускулите, главоболка, грозница и исцрпеност, можно е пролив и повраќање. 

 

Инфективен период? 

Инфективен период за потврден случај на нов грип А (AH1N1) е дефиниран како период 1 ден пред појавата и 7 дена по појавата на болеста (кај помалите деца контагиозноста може да трае подолго). 

 

Потребна итна медицинска помош - кај деца, заради: 

   - потешкотии во дишење, 

   - ливидна или сива боја на кожата, 

   - одбивање на пиење на течности, 

   - постојано повраќање, 

   - поспаност, 

   - раздразливост, 

 

Потребна итна медицинска помош - кај возрасни, заради: 

   - тешко дишење, 

   - болки во градниот кош или абдоменот, 

   - изненадни бвртоглавици, 

   - конфузност, 

   - постојано повраќање. 

 

Колку долго вирусот се задржува на предмети (играчки, книги ...)? 

Одредени студии кажуваат дека вирусот, преживува на површини во средината и може да зарази во период од 2-8 часа после загадување на истите. 

 

Дали човек може да се зарази од нов грип, јадејќи свинско месо? 

НЕ! H1N1 (swine) инфлуенза вирус-от не се пренесува преку храна. Приготвеното и обработено месо на температура од 80°C го убива H1N1 вирус - от, како и сите други бактерии и вируси. 

 

Дали постои ризик за заразување преку пиење на вода? Дали постои ризик за заразување преку капење во базени...? 

Одредени студии покажуваат дека нивото на хлор во водата за пиење е адекватно за да ја инактивира високата патогеност на H5N1, H1N1 и другите инфлуенца вируси. Не е регистриран и документиран случај на заболено лице преку пиење на контаминирана вода или преку капење во базен. 

 

Препораки за заштита за општата популација 

   • Да се покрие носот и устата со шамивче при кашлање и кивање 

   • По употребата шамивчињата веднаш да се фрлат во отпад. 

   • Да се мијат рацете со сапун и вода, особено по секое - кивање и/или кашлање. 

   • Да се избегнува близок контакт со заболени лица. 

   • Да се бришат рацете со влажни шамивчиња на база на алкохол. 

   • Да се избегнува допирање на очите, носот или устата со неизмиени раце. 

   • Да се остане дома и да не се оди на работа/училиште, во случај на појава на симптоми на грип да се ограничат сите контакти со други лица, со цел да се спречи можноста и тие да се заразат. 

Користењето на антивиралните лекови може да ја ублажи клиничката слика и да го забрза излекувањето и опоравувањето. 

   - Тие може да ја превенираат појавата на сериозни компликации. 

   - Најдобро е со терапијата да се започне веднаш по појавата на болеста 

(во тек на првите два дена по појавата на симптомите). 

 

Предупредување! 

НЕ ДАВАЈТЕ аспирин (acetylsalicylic acid) или други производи што содржат аспирин (e.g. bismuth subsalicylate–PeptoBismol) на деца до 18 години кои се сомнителни за инфекција со вирусот на нов грип А (H1N1); тоа може да предизвика појава на ретка, но сериозна компликација наречена синдром на Reye. За контрола на температурата треба да се користат други антипиретици (acetaminophen или нестероидни антивоспалителни лекови).

Share
Посети: 2936

ЈЗУ Центар за Јавно Здравје - Тетово
Copyright © 2012