Микробиологија со паразитологија

Печати
Категорија: Дејности Објавено на Четврток, 27 Декември 2012
Share

        Микробиологијата со паразитологијата како медицинска гранка ја проучува етиологијата на инфекциите, ја усмерува антибактериската терапија и ја обработува методологијата и нивната специфична дијагностика.

        Одделението за микробиологија со паразитологија Тетово и Отсекот по микробиологија во Гостивар, функционираат во рамките на ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово. Тие вршат јавно здравствена и специјалистичка микробиолошка дејност за населението во регионот на Тетово и Гостивар.Микробиолошката дејност во рамките на своето делување ги обавува следните задачи:

 

  • поставување на етиолошка дијагноза на заразни заболувања;
  • микробиолошки и паразитолошки анализи за ретроспективни епидемиолошки испитувања;
  • контрола на преземени мерки (стерилизација, антибиограм, имунизација, ефекти од лекување и друго);
  • микробиолошки прегледи на лица кои доаѓаат од земји каде има маларија, колера или др. заболувања, за кои испитувањата се задолжителни со закон;
  • микробиолошки испитувања на вода за пиење, површински води, животни намирници, предмети за општа употреба и работни услови  за производство и промет на животни намирници;

обезбедува вирусолошка дијагностика на одделни заразни заболувања, како и дијагностика при епидемиолошки испитувања;

 

 

 

 

Share
Посети: 3076

ЈЗУ Центар за Јавно Здравје - Тетово
Copyright © 2012