H1N1

Печати
Категорија: Дејности
Објавено на Понеделник, 02 Декември 2013

 “Новиот” грип е акутно инфективно заболување, предизвикано од нов подтип на А/H1N1 вирус, кој претходно не е идентификуван ниту кај свињи ни кај луѓе. CDC (Атланта) утврди дека вирусот е контагиозен и се пренесува од човек на човек. 

 

Вирусот содржи сегменти од 4 различни типови на вирусот на инфлуенца, и тоа: 

   - Северно-американски свински, 

   - Северно-американски птичји, 

   - Северно-амрикански хуман, 

   - Евроазиски свински, 

Клиничката слика може да се манифестира од лесна до многу тешка форма (исто како сезонскиот грип). 

 

Како се пренесува “новиот грип”? 

   • директно, преку контакт со лица веќе заразени од “новиот грип”, 

   • директно, преку капкичките исфрлени при кашлање и кивање на инфицираните луѓе, 

   • индиректно, преку предмети загадени од инфицирани луѓе. 

 

Кои се знаци и симптоми на “нов грип” кај човек? 

После инкубација од 3-7 дена, се јавуваат првите симптоми (слични на симптомите на сезонски грип): покачена телесна температура, кашлање, кивање, болки во грло, болки во мускулите, главоболка, грозница и исцрпеност, можно е пролив и повраќање. 

 

Инфективен период? 

Инфективен период за потврден случај на нов грип А (AH1N1) е дефиниран како период 1 ден пред појавата и 7 дена по појавата на болеста (кај помалите деца контагиозноста може да трае подолго). 

 

Потребна итна медицинска помош - кај деца, заради: 

   - потешкотии во дишење, 

   - ливидна или сива боја на кожата, 

   - одбивање на пиење на течности, 

   - постојано повраќање, 

   - поспаност, 

   - раздразливост, 

 

Потребна итна медицинска помош - кај возрасни, заради: 

   - тешко дишење, 

   - болки во градниот кош или абдоменот, 

   - изненадни бвртоглавици, 

   - конфузност, 

   - постојано повраќање. 

 

Колку долго вирусот се задржува на предмети (играчки, книги ...)? 

Одредени студии кажуваат дека вирусот, преживува на површини во средината и може да зарази во период од 2-8 часа после загадување на истите. 

 

Дали човек може да се зарази од нов грип, јадејќи свинско месо? 

НЕ! H1N1 (swine) инфлуенза вирус-от не се пренесува преку храна. Приготвеното и обработено месо на температура од 80°C го убива H1N1 вирус - от, како и сите други бактерии и вируси. 

 

Дали постои ризик за заразување преку пиење на вода? Дали постои ризик за заразување преку капење во базени...? 

Одредени студии покажуваат дека нивото на хлор во водата за пиење е адекватно за да ја инактивира високата патогеност на H5N1, H1N1 и другите инфлуенца вируси. Не е регистриран и документиран случај на заболено лице преку пиење на контаминирана вода или преку капење во базен. 

 

Препораки за заштита за општата популација 

   • Да се покрие носот и устата со шамивче при кашлање и кивање 

   • По употребата шамивчињата веднаш да се фрлат во отпад. 

   • Да се мијат рацете со сапун и вода, особено по секое - кивање и/или кашлање. 

   • Да се избегнува близок контакт со заболени лица. 

   • Да се бришат рацете со влажни шамивчиња на база на алкохол. 

   • Да се избегнува допирање на очите, носот или устата со неизмиени раце. 

   • Да се остане дома и да не се оди на работа/училиште, во случај на појава на симптоми на грип да се ограничат сите контакти со други лица, со цел да се спречи можноста и тие да се заразат. 

Користењето на антивиралните лекови може да ја ублажи клиничката слика и да го забрза излекувањето и опоравувањето. 

   - Тие може да ја превенираат појавата на сериозни компликации. 

   - Најдобро е со терапијата да се започне веднаш по појавата на болеста 

(во тек на првите два дена по појавата на симптомите). 

 

Предупредување! 

НЕ ДАВАЈТЕ аспирин (acetylsalicylic acid) или други производи што содржат аспирин (e.g. bismuth subsalicylate–PeptoBismol) на деца до 18 години кои се сомнителни за инфекција со вирусот на нов грип А (H1N1); тоа може да предизвика појава на ретка, но сериозна компликација наречена синдром на Reye. За контрола на температурата треба да се користат други антипиретици (acetaminophen или нестероидни антивоспалителни лекови).

Здравствена статистика информации и здравствена поставеност

Печати
Категорија: Дејности
Објавено на Вторник, 26 Март 2013

 

СОЦИЈАЛНО - МЕДИЦИНСКА ДЕЈНОСТ 

Врз основа на Законот за здравствена заШтита, програмите за статистички истражувања од интерес за Републиката, Законот за евиденциите од областа на здравството и другите прописи, социјално-медицинската дејност ја следи здравствената состојба на населението, системот и организацијата на здравствената заШтита, планира, програмира, прибира, обработува, анализира и евалуира податоци од здравствената статистика, учествува во изготвување и спроведување на посебните програми од здравствената дејност и предлага мерки за реШавање на здравствените потреби на населението, утврдува приоритети за задоволување на потребите и подобрување на здравствената состојба на населението.

Социјално-медицинската дејност се спроведува во Центарот за јавно здравје Тетово во Одделите за Социјална медицина во Тетово и Гостивар. Покрај социјално-медицинската дејност, се спроведува и здравствено-статистичка, здравствено-воспитна дејност.

 

1. СОЦИЈАЛНО-МЕДИЦИНСКА ДЕЈНОСТ СО  ЗДРАВСТВЕНА СТАТИСТИКА И ПРОМОЦИЈА НА ЗДРАВЈЕ

Во ЦЈЗ Тетово во Одделението за Социјално-медицинска дејност во Тетово и Гостивар се прибираат и обработуваат збирни и индивидуални статистички извеШтаи доставени од здравствените установи преку одделенијата за здравствена статистика и информатика каде се спроведуваШе софтверска обработка на податоците според утврдени апликативни програми. По изврШената логичка и математичка контрола и компјутерски внес на обработените податоци за утврдените заболувања и состојби во амбулантно-поликлиничките и диспанзерските дејности се изготвуваат извеШтаи/анализи кои содржат податоци со кои се прикажува работата на здравствените установи во подрачјето Тетово и Гостивар, кадарот вработен во нив како и податоци за утврдените заболувања и состојби во амбулантно-поликлиничките и диспанзерските дејности.

Социјално-медицинската дејност во Центарот за јавно здравје Тетово ги изготвува и доставува до Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје на РМ, и други надлежни и заинтересирани установи и организации следните: 

 

Предлог-програми, анализи, извештаи и информации:

А) ПРОГРАМСКИ АКТИВНОСТИ

Во текот на  годината социјално-медицинската дејност во Центарот за јавно здравје во Тетово ги изготвува и доставува до Министерство за здравство, Институтот за јавно здравје на РМ, и други надлежни и заинтересирани установи и организации следните програми, анализи, извеШтаи и информации:

- Извештај за реализација на Програмата за превентивна здравствена                                                                   заШтита;  

- Анализа на амбулантно - поликлинички морбидитет на подрачјето на ЦЈЗ Тетово ;

- Информација за искористеноста на болничките капацитети во здравствените организации на подрачјето на ЦЈЗ Тетово

- Анализа на искористеност на болничките капацитети  во здравствените организации  на подрачјето што го покрива на ЦЈЗ Тетово 

- Збирен извештај за кадар за прв и втор квартал на подрачјето Што го покрива Центарот за јавно здравје Тетово

- Анализа на здравствената состојба и здравствената заШтита на населението на подрачјето на ЦЈЗ Тетово;

- Анализа на болничкиот морбидитет и морталитет на подрачјето на ЦЈЗ Тетово; 

- ИзвеШтај за здравјето на населението на подрачјето Што го покрива Центарот за јавно здравје Тетово;

- Информација за состојбите и проблемите со ШеЌерната болест кај населението на подрачјето Тетово и Гостивар; 

- Предлог- Програма за јавно здравје за календарската година за подрачјето на Центарот за јавно здравје Тетово; 

- Информација за жени во репродуктивна возраст на подрачјето      на Центарот  за јавно здравје Тетово;

- Спроведување на здравствена едукација на целни групи на подрачјето Што го покрива ЦЈЗ Тетово ;

- Одбележување на соодветни светски денови,недели,месеци;

- Светски ден на борба против малигни заболувања;

- 15 март ,светски ден на борба на КРК

- Светскиот ден на борба против Сида и одбележување на месецот на борба против Сида; 

- ИзвеШтај за работата на советувалиШтето за сексуално и репродуктивно здравје на подрачјето на ЦЈЗ Тетово ;

- Изготвен збирен извеШтај за вработен кадар во здравствените установи на подрачјето Шти го покрива Центарот за јавно здравје Тетово;     

Б) ВОН ПРОГРАМСКИ АКТИВНОСТИ

Континуирано се обезбедуваат најнови информации и се одговара на барања за податоци, мислења и информации за групи на болести, здравствен кадар и слично, на индивидуални лица и институции (национални и локални). Во овој период се одговорени сите пристигнати барања за: 

- Информација за породувања во Клиничка болница Тетово и Општа болница Гостивар ;

- Информација за изврШени абортуси во Клиничка болница Тетово и Општа болница Гостоивар;

- Податоци за Болнички  морбидитет, лекувани болни и остварени болнички денови по пол, возраст и дијагноза за подрачјето што го покрива ЦЈЗ Тетово;    - Податоци за здравствени индикатори за Тетово и Гостивар ;

- Податоци за регистриран морбидитет во стоматолоШката дејност, за подрачјето што го покрива ЦЈЗ Тетово ;

- Податоци за лекувани болни од повреди и повреди  во собраЌајот во Клиничка болница Тетово;

- Податоци за лекувани болни од повреди и повреди  во собраЌајот во Општа  болница Гостивар  ;

- Податоци  за лекувани болни и остварени болнички денови на невропсихијатриското одделение во Клиничка болница Тетово ;

 

2. ЗДРАВСТВЕНА СТАТИСТИКА И ИНФОРМАТИКА

Во Центарот за јавно здравје согласно законските основи се врШат активности од здравствено-статистичката дејност:   

- Прибирање, обработка и анализа на податоците за изврШената работа во здравствените организации, податоците за здравствената состојба на населението и податоците за стручниот кадар според здравствените дејности ( опШта медицина, здравствена заштита на деца, училиШни деца и младина, жени итн. );

- Давање стручна помош на здравствените установи во водењето на медицинската документација, евиденција и изготвување на статистички извештаи;

- Посети на  медицински единици - пунктови (опфатеност  на  терен со цел  за инструктажа за водење на збирните извештаи                                                                            

- Посети на терен со инструктажа во врска со  пропустите во изготвување на збирните извештаи     

- Се изготвуваат: тромесечни, шестомесечни  годишни

- извештаи според дадените дејности

- Се изготвуваат   збирни извештаи :

 

В) ПЗУ

- општи ординации 

- специјалистички ординации

- стоматолошки ординации

 

Прибирање обработка и анализа на индивидуални извештаи :

- Извештај за стационарно лекувано лице                                                                                                                          

- Пријави за породување                                                                                                                                                         

- Пријави за абортус                                                                                                                                                                    

- Посети со инструктажа во врска со пропустите кај индивидуалните извештаи   

 

Прибирање на пријави за незаразни заболувања и водење евиденција за нив:

- пријави за шеЌерна болест

- пријава за малигна неоплазма    

- пријава за исхемично заболување на срцето                                                                                                                        

- пријава за ревматична треска

- пријава за хронична бубрежна инсуфициенција                                                                                                                    

- пријава за психоза 

- пријава за алкохолизам и други зависности  

- пријава за интоксикации

- пријава за професионално заболување

- пријава за сообраЌајни трауми

 

3 .ЗДРАВСТВЕНО ВОСПИТНА ДЕЈНОСТ

Во рамките на Одделението за социјална медицина во Центарот за јавно здравје, согласно законските одредби, се планираат,  програмираат, изврШуваат и евалуираат активности од здравствено-воспитната дејност со населението на подрачјето на Центарот. Во оваа смисла, се изготвуваат годишни програми и извештаи, повремени информации и анализи за спроведените здравствено - воспитни активности во одредени периоди, но исто така се пружа стручно- методолоШка помоШ за здравствените организации на подрачјето, се координираат активности со повеќе владини и невладини организации, се одржуваат предавања, трибини, семинари и други форми на здравствено-промотивна активност. 

Спроведување на здравствена едукација за целни групи на подрачјето што го покрива ЦЈЗ Тетово.      

 

Клиничка микробиологија

Печати
Категорија: Дејности
Објавено на Петок, 01 Март 2013

ОТСЕК ЗА КЛИНИЧКА МИКРОБИОЛОГИЈА

Во лабораторијата за ентеро инфекции и урогенитални инфекции се испитуваат следните материјали:

  • Фецес;
  • Урина;
  • Сперма;
  • Урогенитални брисеви (брис од уретра, вулва, вагина и цервикс).

 

Видови испитувања:

  • Изолација и идентификација на Salmonella, Shigela, Clostridium defficile, а кај деца ентеропатогена E. Coli, Рота - Аденовируси.
  • Изолација и идентификација на уринарни инфекции: E. Coli, Proteus spp., Enterobacter Spp., Citrobacter Spp., Klebsiella Spp. и друго.
  • Изолација и идентификација на причинители на генитални инфекции: Streptococcus  aggalctiae, Streptoccocus faecalis, Gardnerella vaginalis , Mycoplasma, Ureoplasma, Chlamydia  и др.
  • Одредување на осетливоста на изолираните соеви спрема одредени антибиотици (антибиограм) со диск - дифузиона метода и автоматизирана со апарат MicroScan auto SCAN 4.

 

Во лабораторијата за респираторни и интрахоспитални инфекции се испитуваат следните материјали:

  • Брисеви од грло, нос, коњуктиви, уши, рани, пунктати, абсцес и др.
  • Трахеален аспират, искашлок, бронхијален секрет;
  • Крв за хемокултура;
  • Ликвор;
  • Брисеви од работни површини, предмети и друг болнички материјал за контрола на стерилност, по Програма за интрахоспитални инфекции;
  • Контрола на стерилност на физиолошки и други медицински раствори;
  • Биолошка контрола на стерилност на суви и влажни стерилизатори, автоклави.

 

Видови испитувања:

  • Изолација и идентификација на аеробни и анаеробни бактерии: Staphylococcus aureus, Streptococcus pyogenes (A, B, D), Streptococcus pneumoniae, Haemophilus influenzae, Moraxella (Branchamella) catarrhalis, Neisseria Meningitidis, Bacteroides Spp., Candida species, Aspergillus spp. итн.
  • Одредување на осетливост на изолираните бактериски видови, спрема одредени антибиотици (антибиограм) со диск - дифузиона метода и автоматизирана идентификација и антибиограмсо апарат MicroScan auto SCAN 4.

 

Идентификацијата на бактериските видови во овие лаборатории се врши со современа дијагностика ( MicroScan auto SCAN 4  - апарат), високо селективни подлоги, комерцијални Slidex тестови итн.

 

Одделот за припремање на бактериолошки подлоги, садомијална и стерилизација се вршат следните работи:

  • деконтаминација на бактериолошкиот материјал, негово миење , припремање за стерилизација и конечна стерилизација;
  • припрема на бактериолошки подлоги, варење, разлевање и нивна стерилизација.

 

Одделот за прием на материјали и издавање на резултати:

       Во одделот за прием на материјали и издавање на резултати се  врши прием на  материјал за микробиолошко испитување, а по извршените анализи се издаваат соодветните резултати. Тука е важно да ги споменеме и општите правила за земање на примероци од клинички материјали за микробиолошко испитување .

 

Општите правила за земање на примероци од клинички материјали за микробиолошко испитување:

НАПОМЕНА: Од начинот на правилно земање на материјалите за анализа, зависи и валидноста - точноста на добиените резултати. За таа цел треба да се води сметка за:

1. Примерокот (материјалот) мора да потекнува од местото на инфекција, како би се открил етиолошкиот причинител;

2. Примерокот да се земе во стерилни садови, кои добро се затвораат (стерилните садови се земаат од шалтер во ЈЗУ ЦЈЗ Тетово);

3. Треба да се одбегнува контаминација со физиолошка флора;

4. Садот со примерокот треба да е обележан со име и презиме на болниот;

5. Упатницата која пропратно се испраќа треба да е јасно пополнета со јасни податоци за тоа кој материјал се испраќа, каква анализа се бара, возраст, пол , дијагноза, примена терапија и друго;

6. Примерокот по правило треба да се земе пред почеток на антибиотска терапија, а ако тоа не е возможно да се наведе или наведат применетите антибиотици.

Само со спроведување на овие пораки резултатите секогаш ќе бидат вистински сигурни.

 

ОТСЕК ЗА ПАРАЗИТОЛОГИЈА

        Отсекот за паразитологија ги испитува вегетативните и цистични форми на паразити и протозои од фецес и крв за маларија.

 

 

Во овoj отсек се врши:

1. Преглед на фецес за присаство на цревни паразити:

  • Ascaris lumbricoides
  • Enterobius vermicularis
  • Taenia saginata
  • Taenia solium
  • Hymenolepis nana

2. Преглед на фецес за присаство на протозои

  • Enthamoeba hystolytica,
  • Giardia lamblia

 

 

Дејности и услуги на одделението за санитарно-хигиенска дејност со здравствена екологија

Печати
Категорија: Дејности
Објавено на Петок, 28 Декември 2012

1.Процена на здравствено-еколошкиот ризик во врска со квалитетот на водите за пиење и водоснабдувањето како и воспоставување на здравствена евиденција за водоснабдувањето.

Мониторинг на водата за пиење и одредување на нејзина безбедност преку

узоркување на примероци;

Бактериолошки тестирања ;

Физичко хемиски тестирања.

Санитарно-хигиенски увиди над објектите за водоснабдување (извориште, санитарна каптажа, цефковод, резервоари, дезинфекција, дистрибутивна мрежа)

Предлагање мерки за снабдување на населението со безбедна вода.

Изготвување на полугодишни и годишни известувања

Изготвување на годишен извештај со проценка на ризик за безбедноста на водата за пиење и водоснабдувањето во регионот

2. Проценка на здравствено-еколошкиот ризик од квалитетот на површинските води од јавно-здравствен аспект во Полошкиот регион ( водите од Мавровско езеро, р.Вардар, р.Радика, р.Пења, р.Бистрица, р.Беловишка, р.Боговињска).

3. Следење на квалитетот водите за рекреативно капење( рекреативни базени) од здравствен аспект.

Изготвување на полугодишни и годишни информации за санитарно-хигиенската состојба и квалитетот на водите за капење со мерки за асанација и намалување на здравствениот ризик.

4. Процена на здравстено-еколошкиот ризик на хигиенскиот квалитет на воздухот

вршење на анализи на аероседимент

проценка на ризикот од хигиенскиот квалитет на воздухот врз здравјето кај предучилишни и училишни деца во град Тетово и селата.

следење на сосојбата на амбиентниот воздух и здравстено –еколошкиот ризик преку месечните извештаи од автоматската мониторинг станица.

5. Следење на безбедноста на храната и ухранетост за одредени популациони групи

следењенабезбедностанахранатасоземањепримероцихрана (микробиолошкаихемискаанализа)ипроценканахигиенскитеуслови  сострученнадзори  земање на брисеви начистота-опрема ,орудијазаработа,садови,работниповршини ,рацеиседругоштовопроцесотнаподготовкадоаѓаводопирсохраната  во предучилишни установи (градинки), училишни установи како и училишни и студентски домови

следење на безбедноста на храната во болнички установи (бактериолошки анализи,брисеви за чистота на површини)

следење на биолошкиот квалитет на исхраната за предучилишни и училишни деца

следење на нутритивниот квалитет на болничката исхрана

следење на нутритивниот квалитет на исхраната на предучилишни и училишни деца со цел да се опредли просечниот внес на хранливи материи кај овие популациони групи се анализираат целодневни оброци приготвени во објектите за исхрана . Врз основа на добиените резултати компарирано со препорачаните стандарди за секоја популациона група се изготвува анализа и проценка за квалитетот и евентуалните неправилности на исхраната.

следењенанутритивниотстатускајпредучилишнииучилишнидеца .(кајрепрезентативенпримерокдеца: 4-5 год. Iодд.V одд. I година средно обрзование) се мери ТВ,TT,обем на надлактица,обем на струк и обем на колк.

Податоците софтверски се обработуваат со методолоција според препорачани стандарди за раср и развој на СЗО и ИЈЗ Скопје, се проценува нутритивниот статус на популационата група заедно или на секое поединечно.

изготвување на квартални известиа со процена за ризик од исхраната и ухранетоста.

6. Склучување на договори со странки за вршење на анализи на: храна, вода, предмети  за општа употреба,брисеви за чистота

7. Узоркување за потребите на странката или Агенцијата за храна или Државниот  санитарен и Здравствен инспекторат

8.  Издавање на стручни мислења за анализираните примероци

9. Следење на хигиенските и здравствено-еколошки услови во поглед на отпадните  води и цврстиот отпад предлагање на мерки за надминување на јавно здравствените проблеми 

10. Следење на квалитетот на водите во рекреативни базен

11. Вршење на задолжителни здравствено-хигиенски прегледи( претходни периодични и   вонредни) на вработени  во установи за:    

  • основно, средно и друг вид образование;
  • воспитување, згрижување и рекреација на деца;
  • здравствени работници(медицински персонал) и друг персонал вработен во медицински установи;
  • на лица во производство и промет со храна и снабдување со вода;

лица вработени во салони са разубавување (флизери, козметичари масери), релаксација и рекреација;

 

 

Отсек за имунологија

Печати
Категорија: Дејности
Објавено на Четврток, 27 Декември 2012

Во рамките на овој отсек работи серолошката лабораторија во која се вршат:

1. Серолошки анализи за докажување на ревматични и автоимуни болести

  • AST - O
  • LATEX RF
  • CRP - C реактивен протеин.

2. Серолошки анализи за докажување на антитела на бактериски антигени во серуми на болните:

  • b хемолитичен стрептокок - AST - O
  • Сифилис, Луес (RPR и TPHA)
  • Salmoneloza (аглутинација по Widal)
  • Bruceloza ( BAB, Brucella capt)

3. Серолошки анализи за докажување на антитела на вирусни антигени во серум на болни:

  •  Anti HIV1/HIV2 
  • Hepatitis A - IgM
  • Hepatitis B -HBsAg
  • Hepatitis C
  • Citomegalovirus IgM i IgG
  • Rubella IgM i IgG
  • Epstein Barr virus 

4. Серолошки анализи за докажување на антитела за антигени на паразити во серум на болните:

  • Токсоплазмоза (Т. Gondii IgM i IgG) 

 

Отсек за санитарна микробиологија

Печати
Категорија: Дејности
Објавено на Четврток, 27 Декември 2012

Во оваа лабораторија се врши микробиолошко испитување на:

  • води за пиење;природна минерална вода;
  • површински води;

Во вода:

Се врши енумерација  и изолација за идентификација на:

1.        E. colli  и вкупни и колиформни бактерии (ISO 9308 - 1 : 2000);

2.        Фекални колиформни бактерии;( ISO 9308-1:2000)

3.        Фекални стрептококи (ISO 7988 - 1 : 2000);

4.        Proteus вид;

5.        Pseudomonas aeruginosa;(ISO 16266:2006)

6.        Сулфиторедукувачки клостридии;

7.        Аеробни мезофилни бактерии( ISO 6222)

 

Анализите се изведуваат согласно методите пропишани во Правилникот за безбедност на водата за пиење (Сл. Весник на РМ  46/2008,Cл.127/2012) и Уредба за класификација на водите (Сл. На РМ бр. 18/99). 

Микробиолошко испитување на намирници, производи и материјали што доаѓаат во контакт со храната и предмети за општа употреба.

 

       Анализите се вршат согласно методите пропишани во Правилниците дадени во "Законот за безбедност на храната и  производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната" (Сл. весник на РМ бр. 46/2008) .

 

Се испитува присуство на следните микроорганизми:

  • Salmonella видови(ISO 6579:2002)
  • Escherichia coli;
  • Proteus видови;
  • Staphylococcus coagulaza позитивен;
  • Сулфиторедукувачки клостридии;
  • Квасци и мувли;
  • Аеробни мезофилни бактерии. 

 

Отсек за паразитологија

Печати
Категорија: Дејности
Објавено на Четврток, 27 Декември 2012

       Отсекот за паразитологија ги испитува вегетативните и цистични форми на паразити и протозои од фецес и крв за маларија.

Во овoj отсек се врши:

1. Преглед на фецес за присаство на цревни паразити:

  • Ascaris lumbricoides
  • Enterobius vermicularis
  • Taenia saginata
  • Taenia solium
  • Hymenolepis nana

2. Преглед на фецес за присаство на протозои

  • Enthamoeba hystolytica,
  • Giardia lamblia

Микробиологија со паразитологија

Печати
Категорија: Дејности
Објавено на Четврток, 27 Декември 2012

        Микробиологијата со паразитологијата како медицинска гранка ја проучува етиологијата на инфекциите, ја усмерува антибактериската терапија и ја обработува методологијата и нивната специфична дијагностика.

        Одделението за микробиологија со паразитологија Тетово и Отсекот по микробиологија во Гостивар, функционираат во рамките на ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово. Тие вршат јавно здравствена и специјалистичка микробиолошка дејност за населението во регионот на Тетово и Гостивар.Микробиолошката дејност во рамките на своето делување ги обавува следните задачи:

 

  • поставување на етиолошка дијагноза на заразни заболувања;
  • микробиолошки и паразитолошки анализи за ретроспективни епидемиолошки испитувања;
  • контрола на преземени мерки (стерилизација, антибиограм, имунизација, ефекти од лекување и друго);
  • микробиолошки прегледи на лица кои доаѓаат од земји каде има маларија, колера или др. заболувања, за кои испитувањата се задолжителни со закон;
  • микробиолошки испитувања на вода за пиење, површински води, животни намирници, предмети за општа употреба и работни услови  за производство и промет на животни намирници;

обезбедува вирусолошка дијагностика на одделни заразни заболувања, како и дијагностика при епидемиолошки испитувања;

 

 

 

 

Дејности

Печати
Категорија: Дејности
Објавено на Вторник, 25 Декември 2012

  Дејноста на Центар за јавно здравје опфаќа активности утврдени со законот за здравствена заштита на Р. Македонија. Националната годишна програма за јавно здравје на Р.Македонија за превентивна здравствена заштита и другите законски прописи што имаат за цел преземање мерки и активности за унапредување на здравјето на населението, истражување и детектирање на причините за појава на заразните и другите заболувања, како и здравствено-еколошките фактори на животната средина.

 Организационо дејноста на ЦЈЗ Тетово е поставена како:

-          Хигиено-санитарна дејност,

-          Епидемиолошка дејност со ДДД,

-          Лабораториска дејност,

-          Социјално медицинска дејност,

-          Дејност на економски, материјално финансиски и други работи.

 

За целосно оствраување на целите и задачите на споменатите дејности, работата во ЦЈЗ- Тетово е организирана во следниве оддели:

 

  1. Одделение за Санитарно хигиенска дејност со здравствена екологија
  2. Оддел за Епидемиологија со ДДД
  3. Оддел за Социјална медицина
  4. Оддел за Лабораториска дејност со паразитологија
  5. Служба за Економски, материјално финансиски, правно и друго административно работење

 

Во рамките на ЦЈЗ – Тетово работи и подрачна единица Гостивар со истите одделенија.

Ваквата организациона поставеност на центарот е врз основа на статутот, правилникот за работа и работните задачи и другите акти на ЦЈЗ – Тетово. Дејностите на Ценатрот се одвиваат со соодветен календар, простор и опрема.

Одделите во ЦЈЗ – Тетово се сместени во ѕидан наменски граден објект и во основа ги задоволуваат санитарно-хигиенските норми.

Во Одделот за санитарно-хигиенска дејност со здравствена екологија, одделението за санитарна хемија за тестирање храна и вода и во Одделот Лабораториска дејност – одделение за санитарна микробиологија се врши тестирање на храна и вода.

Тестирањето на храната и водата за пиење се вршат според единствени организациони правила, процедури и методи за тестирање, а кои се во согласност со валидните методи, македонските и меѓународните стандарди, законската и подзаконската регулатива, барањата на ISO/IEC 17025, ISO 9001:2008 и потребите на корисниците на услугите.

ЦЈЗ Тетово во своите програмски планирања ќе дава приоритет на постојаното стручно усовршување на кадарот и осовременување на опремата за работа.

 

 

 

 

Подкатегории

ЈЗУ Центар за Јавно Здравје - Тетово
Copyright © 2012