Здрава исхрана

Печати
Категорија: Социјална Медицина Објавено на Среда, 02 Април 2014
Share

Исхраната е најважен и најдинамичен еколошки феномен од кој зависат сите фази на растот и развојот на човекот и неговата еволуција во биолошка и културна смисла. Стилот на живеење и особено физичката активност му дава здрав и правилен развој на човекот во сите фази на неговото созревање. Правилната и здрава исхрана е еден од најважните проблеми на современиот човек. Човековото здравје, креативност, ефикасност и расположението директно се под влијание од начинот на секојдневната исхрана. Правилната исхрана му помага на поединецот полесно да се соочи со животните тешкотии и да се заштити од многубројните физички и психички болести. Здравата исхрана во едно семејство овозможува правилен физички и психички развој на децата во меѓусебната комуникација и заедничкиот живот.  

 

Исхраната е најважен и најдинамичен еколошки феномен од кој зависат сите фази на растот и развојот на човекот и неговата еволуција во биолошка и културна смисла. Стилот на живеење и особено физичката активност му дава здрав и правилен развој на човекот во сите фази на неговото созревање. Правилната и здрава исхрана е еден од најважните проблеми на современиот човек. Човековото здравје, креативност, ефикасност и расположението директно се под влијание од начинот на секојдневната исхрана. Правилната исхрана му помага на поединецот полесно да се соочи со животните тешкотии и да се заштити од многубројните физички и психички болести. Здравата исхрана во едно семејство овозможува правилен физички и психички развој на децата во меѓусебната комуникација и заедничкиот живот.  

Потребите од храна зависат од возраста, полот, здравствената состојба и степенот на физичка активност. Пожелно е барем по триесет минути физичка активност секој ден (вежбање, трчање, возење на велосипед, пешачење, брзо одење и колку што е можно повеќе изложеност на свеж воздух во природа подалеку од градската врева и метеж.                  

Малите деца се често изложени на ризик од неисхранетост.Тие имаат многу поголема потреба од енергија и нутриенси во споредба со возрасните.Соодветната грижа и исхрана е основа за нивниот нормален раст, правилен телесен развој и физичка активност. Децата треба да јадат доволно храна богата со енергија и протеини, како и овошје и зеленчук. Тие трошат многу енергија во текот на денот и затоа нивните енергетски потреби треба да бидат распоредени во повеќе оброци во текот на денот.  Децата треба да се навикнат постепено да изградат навика својата исхрана да ја комбинираат со разновидна храна која ќе ги задоволи нивните енергетски и нутритивни потреби во текот на растењето. Исто така тие треба редовно да спортуваат и да бидат активни за да вишокот на енергија не доведе до дебелеење. Нежните и болни деца треба да јадат и пијат повеќе течности, млеко, овошни сокови, супи и вода.    

Навиките за правилна исхрана детето треба да ги стекне многу рано и да се научи да го зема она што е најдобро од храната. Со текот на растењето количината на храна треба да се зголемува спрема потребите на раст и развој. Посебнотреба да се обрне внимание на девојчињата кои треба правилно да се хранат поради нивниот брз раст, сето ова е потребно да се избегнат анемиите (слабокрвноста) и дефицитот на калциум кој овозможува правилен раст и развој на коските.Од друга страна и прекумерниот внес на храна може да даде и дава последици во однос на здебеленост и нарушување на здравјето.       

Совети за правилна исхрана :

  •  да се јаде разновидна храна;
  • да се одржува оптимална тежина;
  • да се направи правилен распоред на оброците во текот на денот;
  • да се смали внесувањето на масти од животинско потекло, а да се зголеми внесот на растителни масла од различни семки;
  • да се намали внесот на масни меса, масни сирења, а повеќе да се јаде риба, пилешко месо и посни меса;
  • да се зголеми внесот на зеленчук, овошје и житарки кои се одличен избор на витамини и минерали потребни за нормално функционирање на организмот ( секогаш да се јаде по една порција овошје или зеленчук како јаболки, круши,грозје, морков,патлиџан, пипер,зелка, спанаќ). Најдобро е да се консумираат во свежа состојба но може и смрзнати, конзервирани , сушено овошје и зеленчук.;
  • поздраво е да се јаде варена отколку пржена храна (подобро варен компир отколку чипс);
  • да се јаде повеќе црн леб, ориз, грашок, грав, леќа;
  • да се пие полумасно или обезмастено млеко кое содржи повеќе калциум а помалку маснотии;
  • редовно да се внесуваат течности, најмногу чиста вода,растителни чаеви и природни сокови;
  • да се намали внесот на бел рафиниран шеќер;
  • да се намали внесот на сол;
  • да се избегнува внесот на кафе , алкохол и цигари.

Ако исхраната не ги обезбедува доволните количини на енергетски материи т.е.  ако организмот гладува доаѓа до слабеење и појава на многу заболувања. Веќе нема дилема дека повеќе фактори на ризик се поврзани со неправилната исхрана и стилот на живеење кои се стекнуваат во детството. Превенцијата на некои ризични состојби и навики треба да се започне што порано. Покрај исхраната важен фактор за правилен раст и развој на организмот е и физичката активност, која ни овозможува да изгледаме и да се чувствуваме подобро,да ја регулираме телесната тежина, го подобрува расположението, го намалува ризикот од срцеви заболувања. Денес повеќе луѓе се дебелат не затоа што јадат повеќе, туку затоа што се помалку активни. Посебно е корисно пешачењето наместо возењето со автомобил, возењето на велосипед, искачувањето по скали наместо со лифт, спортувањето.

Храната што ја внесуваме содржи јаглени хидрати или шеќери, протеини или белковини, липиди или масти, витамини,минерали и вода.

 ЈАГЛЕНИ ХИДРАТИ

Во оваа група спаѓаат шеќерите, скробот и тн. диетални влакна. Тие се главен извор на енергија. Диеталните влакна го одржуваат системот за варење здрав и функционален. шеќерите се многу важни за нормалното обавување на мозочната функција. Сепак треба да се ограничи претераниот внес на тн. бел шеќер кој е виновник за појавата на здебеленост бидејќи вишокот на шеќер во организмот се претвора во маст чие таложење  доведува до појава на зголемен крвен притисок, кариес на забите и др. болести. Наместо консумирање на бел шеќер  кој го има најмногу во слатките, сладолед, жеље, чоколади и кремови, пудинзи  и слатки теста , треба да се определиме за свежо овошје пред јадење), незасладени овошни сокови ,природни незасладени компоти и џемови. Како замена за бел шеќер треба да се користи природниот мед, сушено овошје, жолт и кафеав шеќер. Треба да се исфрлат и газираните сокови , чоколадно млеко, кремови, бомбони, разни пецива и слатки пити. Претераниот внес на шеќери во организмот доведува до неравнотежа во организмот, тромост, нерасположеност и потреба од внесување на нови количини шеќер.

ПРОТЕИНИ (БЕЛКОВИНИ)

Белковините се градивни материи во човечкото тело. Учествуваат во градбата на мускулите, крвта, кожата, коските и други ткива и органи. Тие исто така овозможуваат и енергија. Особено се важни за растот на децата. Ги има во месото,млекото и млечните производи, рибата, во јајцата, во некој зеленчук како што се гравот, грашакот, сојата, печурките

ЛИПИДИ (МАСТИ)

Мастите се исто така извор на енергија. Ги има во маслата (растителни и животински), во месото и месните преработки, во путерот, лојот, маргаринот, млеко и млечни производи, во сојата и тн. Високиот внес на масти доведува до здебеленост и зголемен ризик од висок крвен притисок, срцеви заболувања , болести на циркулаторниот систем . Затоа пожелно е да се внесуваат масти од растително потекло и риба. Храната што се приготвува  наместо да се пржи и пече на масло, пожелно е да се вари.

СОЛ

Треба да се внесува во умерени количини, не повеќе од 3 грама дневно.Претераниот внес на сол доведува до зголемен крвен притисок, мозочни удари, проблеми со срцето, заболување на бубрезите и отоци по целото тело бидејќи солот ја задржува водата во организмот. 

ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ

Многу се важни за нормална исхрана .Овозможуваат правилна работа на организмот и одржување на здравјето на човекот. Најпознати витамини се А, Б, Ц, Д, Е , а од минералите железо. калциум ,фосфор, јод.Калциумот и фосфорот се важни за одржување на здрави заби и коски. 

ВОДА

Водата е најважна намирница која секојдневно треба да ја внесуваме во организмот. Најздрава е чистата обична изворска вода. Човековиот организам е составен од 70 % вода и без неа човекот не би издржал ни десетина дена. Нејзината замена  со разни сокови, кафе,алкохолни пијалоци е несоодветна и може да доведе до многу хронични промени на ткивата и органите. Водата треба да ја внесуваме меѓу оброците а не за време на оброкот бидејќи на тој начин се разредува желудечната киселина која е неопходна за правилно варење на храната.        

Многу важна компонента во исхраната е употребата на свежа и чиста храна. Храната треба да се заштити од расипување , од инсекти,животни, птици и разни хемикалии. Ако е загадена со бактерии и габички предизвикува заболување. Овошјето и зеленчукот треба да се мијат под млаз од чиста вода и да се јадат свежи. Исто така и садовите во кои се приготвува храната треба да се одржуваат чисти. Рацете треба да се мијат пред секој оброк. 

Најдобар совет е луѓето да внесуваат што поразновидна храна правилно распоредена во текот на целиот ден. Денот секогаш треба да започне со доручек како најглавен оброк. Многу грешат оние кои го прескокнуваат доручекот, особено децата кај кои мора да постојат три главни оброка и лесна ужинка која би се состоела од внесување на едно јаболко или друго овошје, чаша млеко и зеленчук по желба на детето.Храната ни ја обезбедува потребната енергија за извршување на физичката активност на организмот, обавување на телесните функции како што се дишењето,мислењето, регулирањето на телесната температура, циркулацијата на крвта, варењето на храната. Исто така храната ги обезбедува и хранливите материи кои го градат и одржуваат човечкото тело и ја зголемуваат отпорноста на организмот.

 

 

 

Share
Посети: 2894

ЈЗУ Центар за Јавно Здравје - Тетово
Copyright © 2012