Агитка за здрава исхрана

Печати
Категорија: Социјална Медицина Објавено на Среда, 02 Април 2014
Share

Правилната и здрава исхрана е еден од најважните проблеми на современиот човек. Потребите од храна зависат од возраста, полот, здравствената состојба и степенот на физичка активност.

Децата треба да се навикнат постепено да изградат навики  за разновидна храна која Ќе ги задоволи нивните енергетски и нутритивни потреби.

Совети за правилна исхрана:

  • да се јаде разновидна храна;
  • да се одржува оптимална тежина;
  • правилен распоред на оброци во текот на денот;
  • намалено внесување на масти од животинско потекло;
  • намален внес на масни меса, масни сирења;
  • поголем внес на риба ,пилешко и посни меса
  • зголемен внес на овошје, зеленчук и житарки
  • поздраво е да се јаде варена отколку пржена храна;
  • да се намали внес на бел рафиниран шеЌер;
  • да се намали внес на сол;
  • да се избегнува внес на кафе, алкохол и цигари;
  • редовен внес на чиста вода, растителни чаеви и природно цедени сокови.

 

За правилен раст и развој потребна е и секојдневна физичка активност (пешачење, возење велосипед,искачување по скали и спортување)

Важна е употреба на свежа и чиста храна заштитена од расипување, од инсекти, животни, птици и разни хемикалии.

Храната да се приготвува во чисти садови.

Денот секогаш да започнува со доручек како најглавен оброк кој никогаш на смее да се прескокнува.

 

Децата треба да имаат и две ужинки кој би се состоеле во јадење на едно парче овошје или зеленчук или чаша млеко.

Храната ни ја обезбедува потребната енергија за извршување на основните функции на организмот како што се дишење, мислење,регулирање на телесната температура, циркулација на крвта, варењето на храната.

Храната ги обезбедува и хранливите материи кои го одржуваат човечкото тело и ја зголемуваат отпорноста на организмот. 

 

Share
Посети: 2211

ЈЗУ Центар за Јавно Здравје - Тетово
Copyright © 2012