Здравствена статистика информации и здравствена поставеност

Печати
Категорија: Дејности Објавено на Вторник, 26 Март 2013
Share

 

СОЦИЈАЛНО - МЕДИЦИНСКА ДЕЈНОСТ 

Врз основа на Законот за здравствена заШтита, програмите за статистички истражувања од интерес за Републиката, Законот за евиденциите од областа на здравството и другите прописи, социјално-медицинската дејност ја следи здравствената состојба на населението, системот и организацијата на здравствената заШтита, планира, програмира, прибира, обработува, анализира и евалуира податоци од здравствената статистика, учествува во изготвување и спроведување на посебните програми од здравствената дејност и предлага мерки за реШавање на здравствените потреби на населението, утврдува приоритети за задоволување на потребите и подобрување на здравствената состојба на населението.

Социјално-медицинската дејност се спроведува во Центарот за јавно здравје Тетово во Одделите за Социјална медицина во Тетово и Гостивар. Покрај социјално-медицинската дејност, се спроведува и здравствено-статистичка, здравствено-воспитна дејност.

 

1. СОЦИЈАЛНО-МЕДИЦИНСКА ДЕЈНОСТ СО  ЗДРАВСТВЕНА СТАТИСТИКА И ПРОМОЦИЈА НА ЗДРАВЈЕ

Во ЦЈЗ Тетово во Одделението за Социјално-медицинска дејност во Тетово и Гостивар се прибираат и обработуваат збирни и индивидуални статистички извеШтаи доставени од здравствените установи преку одделенијата за здравствена статистика и информатика каде се спроведуваШе софтверска обработка на податоците според утврдени апликативни програми. По изврШената логичка и математичка контрола и компјутерски внес на обработените податоци за утврдените заболувања и состојби во амбулантно-поликлиничките и диспанзерските дејности се изготвуваат извеШтаи/анализи кои содржат податоци со кои се прикажува работата на здравствените установи во подрачјето Тетово и Гостивар, кадарот вработен во нив како и податоци за утврдените заболувања и состојби во амбулантно-поликлиничките и диспанзерските дејности.

Социјално-медицинската дејност во Центарот за јавно здравје Тетово ги изготвува и доставува до Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје на РМ, и други надлежни и заинтересирани установи и организации следните: 

 

Предлог-програми, анализи, извештаи и информации:

А) ПРОГРАМСКИ АКТИВНОСТИ

Во текот на  годината социјално-медицинската дејност во Центарот за јавно здравје во Тетово ги изготвува и доставува до Министерство за здравство, Институтот за јавно здравје на РМ, и други надлежни и заинтересирани установи и организации следните програми, анализи, извеШтаи и информации:

- Извештај за реализација на Програмата за превентивна здравствена                                                                   заШтита;  

- Анализа на амбулантно - поликлинички морбидитет на подрачјето на ЦЈЗ Тетово ;

- Информација за искористеноста на болничките капацитети во здравствените организации на подрачјето на ЦЈЗ Тетово

- Анализа на искористеност на болничките капацитети  во здравствените организации  на подрачјето што го покрива на ЦЈЗ Тетово 

- Збирен извештај за кадар за прв и втор квартал на подрачјето Што го покрива Центарот за јавно здравје Тетово

- Анализа на здравствената состојба и здравствената заШтита на населението на подрачјето на ЦЈЗ Тетово;

- Анализа на болничкиот морбидитет и морталитет на подрачјето на ЦЈЗ Тетово; 

- ИзвеШтај за здравјето на населението на подрачјето Што го покрива Центарот за јавно здравје Тетово;

- Информација за состојбите и проблемите со ШеЌерната болест кај населението на подрачјето Тетово и Гостивар; 

- Предлог- Програма за јавно здравје за календарската година за подрачјето на Центарот за јавно здравје Тетово; 

- Информација за жени во репродуктивна возраст на подрачјето      на Центарот  за јавно здравје Тетово;

- Спроведување на здравствена едукација на целни групи на подрачјето Што го покрива ЦЈЗ Тетово ;

- Одбележување на соодветни светски денови,недели,месеци;

- Светски ден на борба против малигни заболувања;

- 15 март ,светски ден на борба на КРК

- Светскиот ден на борба против Сида и одбележување на месецот на борба против Сида; 

- ИзвеШтај за работата на советувалиШтето за сексуално и репродуктивно здравје на подрачјето на ЦЈЗ Тетово ;

- Изготвен збирен извеШтај за вработен кадар во здравствените установи на подрачјето Шти го покрива Центарот за јавно здравје Тетово;     

Б) ВОН ПРОГРАМСКИ АКТИВНОСТИ

Континуирано се обезбедуваат најнови информации и се одговара на барања за податоци, мислења и информации за групи на болести, здравствен кадар и слично, на индивидуални лица и институции (национални и локални). Во овој период се одговорени сите пристигнати барања за: 

- Информација за породувања во Клиничка болница Тетово и Општа болница Гостивар ;

- Информација за изврШени абортуси во Клиничка болница Тетово и Општа болница Гостоивар;

- Податоци за Болнички  морбидитет, лекувани болни и остварени болнички денови по пол, возраст и дијагноза за подрачјето што го покрива ЦЈЗ Тетово;    - Податоци за здравствени индикатори за Тетово и Гостивар ;

- Податоци за регистриран морбидитет во стоматолоШката дејност, за подрачјето што го покрива ЦЈЗ Тетово ;

- Податоци за лекувани болни од повреди и повреди  во собраЌајот во Клиничка болница Тетово;

- Податоци за лекувани болни од повреди и повреди  во собраЌајот во Општа  болница Гостивар  ;

- Податоци  за лекувани болни и остварени болнички денови на невропсихијатриското одделение во Клиничка болница Тетово ;

 

2. ЗДРАВСТВЕНА СТАТИСТИКА И ИНФОРМАТИКА

Во Центарот за јавно здравје согласно законските основи се врШат активности од здравствено-статистичката дејност:   

- Прибирање, обработка и анализа на податоците за изврШената работа во здравствените организации, податоците за здравствената состојба на населението и податоците за стручниот кадар според здравствените дејности ( опШта медицина, здравствена заштита на деца, училиШни деца и младина, жени итн. );

- Давање стручна помош на здравствените установи во водењето на медицинската документација, евиденција и изготвување на статистички извештаи;

- Посети на  медицински единици - пунктови (опфатеност  на  терен со цел  за инструктажа за водење на збирните извештаи                                                                            

- Посети на терен со инструктажа во врска со  пропустите во изготвување на збирните извештаи     

- Се изготвуваат: тромесечни, шестомесечни  годишни

- извештаи според дадените дејности

- Се изготвуваат   збирни извештаи :

 

В) ПЗУ

- општи ординации 

- специјалистички ординации

- стоматолошки ординации

 

Прибирање обработка и анализа на индивидуални извештаи :

- Извештај за стационарно лекувано лице                                                                                                                          

- Пријави за породување                                                                                                                                                         

- Пријави за абортус                                                                                                                                                                    

- Посети со инструктажа во врска со пропустите кај индивидуалните извештаи   

 

Прибирање на пријави за незаразни заболувања и водење евиденција за нив:

- пријави за шеЌерна болест

- пријава за малигна неоплазма    

- пријава за исхемично заболување на срцето                                                                                                                        

- пријава за ревматична треска

- пријава за хронична бубрежна инсуфициенција                                                                                                                    

- пријава за психоза 

- пријава за алкохолизам и други зависности  

- пријава за интоксикации

- пријава за професионално заболување

- пријава за сообраЌајни трауми

 

3 .ЗДРАВСТВЕНО ВОСПИТНА ДЕЈНОСТ

Во рамките на Одделението за социјална медицина во Центарот за јавно здравје, согласно законските одредби, се планираат,  програмираат, изврШуваат и евалуираат активности од здравствено-воспитната дејност со населението на подрачјето на Центарот. Во оваа смисла, се изготвуваат годишни програми и извештаи, повремени информации и анализи за спроведените здравствено - воспитни активности во одредени периоди, но исто така се пружа стручно- методолоШка помоШ за здравствените организации на подрачјето, се координираат активности со повеќе владини и невладини организации, се одржуваат предавања, трибини, семинари и други форми на здравствено-промотивна активност. 

Спроведување на здравствена едукација за целни групи на подрачјето што го покрива ЦЈЗ Тетово.      

 

Share
Посети: 3246

ЈЗУ Центар за Јавно Здравје - Тетово
Copyright © 2012