Хеморагична треска со бубрежен синдром (едукативен материјал за здравствени работници)

Печати
Категорија: Содржина Објавено на Петок, 28 Јули 2017
Share

 според една карактеристика е многу различна од другите болести во оваа група – не постои пренос од човек на човек. Резервоарот на инфекцијата е полски глушец, а вирусот се пренесува на луѓето преку изложеност на телесни течности или излачувања на глувците или во директен контакт со глувци. Вирусот се излачува во животната средина преку урина, измет и плунка на заразените глувци кои немаат никави симптоми на болеста. Човекот може да се зарази преку директен контакт со секретите преку оштетена кожа или слузокожа на очи, уста, нос, конзумирање на загадена храна или вода, како и вдишување на прашина која содржи суви излачевини. Инфекцијата се јавува само при свежа контаминација на околината со излачевини од глувците кои го содржат вирусот. Периодот на инкубација се движи од неколку дена до речиси два месеци, во просек обично две до четири недели. Болеста се развива во пет клинички фази: фебрилна фаза, фаза на хипотензија, олигурична фаза, диуретична фаза и фаза на опоравување. Висока температура, главоболка, малаксаност, анорексија, проследена со силна болка во стомакот или долниот дел на грбот, често придружена со гадење и повраќање, црвенило на лицето, петехии и суфузија на конјунктивата, се типични за фебрилната фаза која трае 3-7 дена. Фазата на хипотензија, трае од неколку часа до три дена и се карактеризира со престанок на треската и ненадејна појава на хипотензија, која може да напредува до шок и често хеморагични манифестации. Во олигуричната фаза, тензијата се враќа на нормално или покачено ниво. Оваа фаза трае 3-7 дена. Гадењето и повраќањето може да продолжи. Може да дојде до развој на тежок хеморагичен синдром, а уринарната екскреција е намалена драстично. Смртта се јавува најчесто во текот на хипотензивната и олигуричната фаза. Повторното воспоставување на диуреза е знак за почеток на опоравувањето, кога станува збор за полиурија (3-6 литри на ден). Закрепнувањето е долготрајно - неколку недели или месеци. Дијагнозата се поставува врз основа на клиничко-епидемиолошките критериуми, а се потврдува преку наод на специфични антитела во серумот на пациентите. Третманот е супортивен преку одржување на хидратација, корекција на електролитниот статус, одржување на соодветно ниво на кислород и крвен притисок и соодветен третман на секундарна инфекција. Дијализа може да е потребна кај некои пациенти. Смртноста од болеста е помеѓу 0,5 и 15%. ХТБС е распространета низ целиот свет. Во различни делови од светот превалираат различни вируси, предизвикувачи на оваа болест. Вирус Haantaаn е широко распространет во источна Азија, особено во Кина, Русија и Кореја. Вирусот Puumala се наоѓа во Скандинавија, западна Европа и западна Русија. Вирусот Belgrade-Dobrava се наоѓа првенствено на Балканот, а вирусот Seoul се наоѓа во целиот свет. Saaremaa се наоѓа во централна Европа и Скандинавија. Во Република Македонија, хеморагичната треска со бубрежен синдром подлежи на задолжително пријавување од 2004 година.  Во 2009 и во 2016 година се пријавени по еден случај од ова заболување, а во текот на 2017 година, потврдени се 5 случаи. Во Европа во текот на 2017 се забележува зголемување на бројот на случаи во Австрија, БиХ, Хрватска, Франција, Германија, Луксембург, Словенија, Словачка, Албанија и Турција. Болеста има сезонски карактер, најголем број на случаи се регистрираат во пролет, почеток на летото и есента, кога повеќе луѓе престојуваат на отворено. Човекот е изложен на можност за заразување при работа во градина, на поле, во шума или при рекреативни активности на отворено, како кампување, излети, пливање во диви капалишта и слично. Превенција и контрола Превентивните мерки подразбираат познавање на природните жаришта и нивната потентност, а постојат два начини на превенција - намалување на бројот на глодари преку спроведување на дератизација и намалување на можноста за контакт со дивите глодари и нивните секрети. Населението треба да посебно да се советува за следење на мерките за контрола и превенција на болеста како што се: • Уништување на глодарите под надзор стручни служби во и околу населените места во близина на жариштата преку поставување на мамци каде најчесто се забележани глувците (штали, амбари со жито, подруми). • Со цел да се намали потенцијалната изложеност на резервоари на инфекција, потребно е населението да се информира и советува да избегнува престој во природните жаришта и местата со бујна вегетација на грмушките каде се размножуваат глодарите. • Од суштинско значење е храната и водата за пиење да се чуваат во соодветни услови за да се спречи пристапот на глодари, особено за време на престој во поле, шума, при пикник. • Потребно е да се избегне директно лежење на земја, особено ако на теренот е забележано присуство на глодари. • Површините кои се контаминирани со глодари и нивни екскрети прво треба да се испрскаат со средство за дезинфекција (пр. варикина) и да не се чисти со метла или правосмукање (максимално да се избегне дигање прашина!), туку да се користат влажни крпи натопени со средство за дезинфекција. • При извршување на работа на терен при кои се подига прашина, треба да се стави маска преку носот и устата. • Доколку по поминато време на отворено се јават знаци или симптоми типични за болеста, потребно е итно да се јавите кај вашиот лекар за навремено лекување. Во Република Македонија, хеморагичната треска со бубрежен синдром согласно Законот за заштита на населението од заразни болести подлежи на задолжително пријавување на соодветен образец, Пријава за заболување/смрт од заразна болест и носителство на причинител на заразна болест. Докторот кој ќе се посомнева или ќе постави дијагноза на хеморагичната треска со бубрежен синдром, должен е веднаш или во рок од 24 часа од поставувањето сомневање/ дијагноза да го пријави случајот до надлежниот Центар за јавно здравје, односно ЦЈЗ каде пациентот има стално место на живеење. Во случај на привремен престој на пациентот на територија на друг ЦЈЗ (можност за експозиција и стекнување на болеста на тоа место ), задолжително се известува и ЦЈЗ на чија територија е привремениот престој (овчари во бачила, сезонски работници на поле, шуми). Притоа, пациентот со сомнение на хеморагичната треска, веднаш да се препрати до Инфективно одделение на најблиската општа или Клиничка болница, или на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, за понатамошно додијагностицирање и третман.

Share
Посети: 209

ЈЗУ Центар за Јавно Здравје - Тетово
Copyright © 2012