Остеопороза

Печати
Категорија: Содржина Објавено на Петок, 28 Ноември 2014
Share

Остеопорозата е болест на коскеното ткиво при која 

 

доаѓа до губење на органските и минералните делови од коските, заради што тие стануваат нежни и кршливи. Таа е една од петте најчести болести воопшто, а 80 % од сите заболени се жени. Остеопорозата е болест во постара возраст и најчесто е поврзана со хормонални промени кои се јавуваат со стареењето. Најчести и најопасни компликации на оваа болест се скршеници на карлична коска , вратот на бутна коска и долен дел на подлактица. Оваа болест се јавува во период на постменопауза заради намалено лачење и престанок на лачење на женскиот полов хормон тн. естроген.

Коските се постојано изложени на оптеретување и во тек на животот постојано се обновуваат. Во коските постојат  коскени клетки тн.остеобласти или клетки кој ја градат коската и остеокласти задолжени за разградба на стари и оштетени делови на коските. За нивна правилна функција меѓу другите фактори влијаат и хормоните. Кај деца и млади особи процесот на целосна обнова на коскениот систем трае во просек 5 години,  а кај возрасни и стари лица овој процес трае дупло повеЌе време. Луѓе кои постојано се движат , спортуваат или се постојано физички активни ги изложуваат коските и мускулите на напор и овие коски побрзо се обновуваат.

Во период на постменопауза опаѓа нивото на женскиот полов хормон естроген и коските кај овие жени потешко се обновуваат. Во овој период настанува смалување на коскената маса. Овој процес на пропаѓање на коските се забрзува и при други хронични заболувања , неадекватна исхрана, намалена или отсатна физичка активност, генетска предиспозиција, употреба на разни лекарства, пушење, прекумерна употреба на алкохол и кафе, недоволен внес на калциум и витамин Д, престој во затворени простории и неизложеност на сонце. Сите овие фактори доведуваат до губење на коскената маса т.е. остеопороза на коските.

Губењето на коскената маса започнува дваесет години порано од појавата на првите тегоби или компликации. Болеста започнува многу порано т.е. на четириесет години и проаѓа долг период на време без клиничка симптоматологија се додека не дојде до развој на видливи и болни компликации како скршеници,разни деформитети, смалена подвижност на делови од коскениот систем, хронични болки во грбот, тешкотии при одење и инвалидитет. Остеопорозата е наречена „ тивка болест ” , бидејЌи нејзиниот прогрес е бавен и долг, без симптоми , се додека не настапи фрактура (скршеница). Потребно е кај сите возрасни кај кои настапила скршеница да се испита густината на коските тн. дензитометрија. Оваа метода би требало да се изврши кај сите жени во постменопауза .Коскената густина се мери на различни делови од телото и на тој начин можно е да се предвиди ризикот од идни скршеници.

Превенцијата од остеопороза е најдобриот лек за лекување од оваа болест и треба да започне уште од најрана возраст и да продолжи во тек на целиот живот. Градбата на здрави коски за време на детството, адолесценцијата и младоста помага да се избегне остеопороза во постари години. Постојат пет чекори во превенција од остеопороза. Тоа се: исхрана богата со калциум и витамин Д, физичка активност, здрав стил на живот без пушење и претерано конзумирање на алкохол и кафе, навремено информирање за оваа болест и тестирање на густината на коските како и навремено лекување ако се појават првите знаци за оваа болест.

Лекувањето на остеопорозата е со земање на препорачани дневни дози на калциум и витамин Д од страна на лекар , физичка активност и спортување прилагодени на возраста на пациентот , долги прошетки , намалување на прекумерна тежина, престанок на пушење и прекумерно земање на алкохол, внесување на храна богата со калциум и витамин Д  кој ја потпомага апсорпцијата на калциум и ја поттикнува неговата апсорпција во коскената маса. Лековите кој се користат при оваа болест ја намалуваат понатамошната разградба на коските и го поттикнуваат создавањето на ново коскено ткиво.

Храна богата со калциум и протеини е: млеко, јогурт, сирење,риба, јајца, брокули, грав,ореви,лешници, суви смокви, ориз, леб, житарици,  портокали . Многу голема улога игра и излиженоста на сончева енергија во создавањето на витамин Д во кожата. Витаминот Д го има во млекото и млечни производи, жолчка од јајце, морска риба, џигер, маргарин  и преку храната се внесува во организмот.

Последиците од остеопороза бараат големи финансиски средства за лекувањето на истата. Сепак една од најважните мерки за заштита од оваа болест е подигањето на здравствената култура и просветеност на населението преку здравствено воспитание.

 

Share
Посети: 2302

ЈЗУ Центар за Јавно Здравје - Тетово
Copyright © 2012