ДИЈАБЕТ

Печати
Категорија: Содржина Објавено на Петок, 28 Ноември 2014
Share

Внесената храна во организмот се разградува до шеќер- гликоза која

 

преку крвта се разнесува до клетките во ткивата и во нив од неа се произведува енергија потребна за нормално извршување насекојдневните активности на човекот.За влез на гликозата од крвта во клетките потребен е тн. хормон инсулин кој го лачи панкреасот. Ако не се лачи доволно овој хормон се зголемува нивото на шеЌер во крвта, кој ги оштетува најпрво малите крвни садови и нерви, го зголемува нивото на маснотии во крвта, доведува до висок крвен притисок, оштетување на видот и слепило, оштетување на бубрези и големи крвни садови на раце и нозе што може да доведе до нивно ампутирање.  Ова пореметување доведува до тн.шеЌерна болест или дијабет.

Постојат два вида на дијабет и тоа: тип 1 или тн. инсулинозависен кој се појавува кај деца и млади особи ( кај нив воопшто не се лачи хормонот инсулин) и тип 2 или тн. инсулино независен дијабет кај постари лица. За жал денес овој тип на дијабет се јавува кај се помлади лица. Тип 1 дијабетот се лекува со инсулинска терапија, а тип 2 дијабетот во почетна фаза се лекува со диета и зголемена физичка активност која го намалува нивото на шеЌер во крвта и ги согорува мастите. Следната фаза е лекување со таблети или со инсулинска терапија.

Симптомите на болеста се зголемена жед,гадење и повраЌање, често мокрење, зголемен апетит, трпки во стапалата, споро зараснување на рани, замор, исцрпеност, слабеење и пречки во видот. Кај некои болни овие симптоми може да изостанат и како прв знак може да се јави некоја компликација која ја дава дијабетот.

Лекувањето на дијабетот е со соодветна диета од лекар ендокринолог, кој препорачува соодветни физички вежби по пола час дневно, одржување на телесна тежина во нормални граници, пушачите веднаш да се откажат од пушењето,таблетки или инсулинска терапија и утринско мерење на нивото на шеЌер во крвта со соодветен апарат тн.глукометар.

Трет вид на дијабет е оној кој се јавува кај бремени жени тн.гестациски дијабет. Се јавува како последица на лачење на посебни хормони во бременоста кај жени со прекумерна тежина, кај жени чии родители се дијабетичари. Овој дијабет е привремен и исчезнува по породувањето но овие жени ако не обрнат доволно внимание се со ризик да добијат дијабет тип 2  во подоцнежните години.

Заради сево ова превенцијата на оваа болест и навременото лекување на компликациите е најважна . 

Share
Посети: 1679

ЈЗУ Центар за Јавно Здравје - Тетово
Copyright © 2012