Договори за деловна соработка

Печати
Категорија: Услуги Објавено на Вторник, 26 Февруари 2013
Share

СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ ЗА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА

Во интерес на нашите клиенти - корисници на наши услуги, а за подобра реализација на наплатата на извршените услуги, ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово нуди можност за склучување на Договори за деловна соработка.

   Со договорите се утврдува предметот на договорот (кои анализи и услуги ќе се вршат), нивниот обем, начин и рок на реализација на договорот, како и начинот на плаќање. За сите оние кои склучиле Договор со ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово, а во зависност од видот и обемот на соработка, што влијае на висината на договорените износи,ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово дава договорни попусти, кои се движат од 10 до 30% од редовните цени. 

   Затоа, доколку сте постоечки корисник на наши услуги како што се:

  • санитарни прегледи,
  • хемиски и бактериолошки анализи на храна или вода за пиење,
  • анализи за квалитет и детекција на присуство на тешки метали во храна, накои пестициди и микотоксини во храна,
  • хемиски анализи на предмети за општа употреба,
  • брисеви од работни површини, опрема и прибор за јадење,
  • контролa на стерилизатор,
  • дезинфекција,
  • дезинсекција,
  • дератизација и др.

   и истите се во поголем обем или често ги користите нашите услуги, Ви препорачуваме да склучите Договор за соработка со нашата институција , со утврден попуст.

 За подетални информации обратете се на телефон 044-331-233 или на

e-mail: zzzte@t-home.mk

 

 

 

 

 

Share
Посети: 4502

ЈЗУ Центар за Јавно Здравје - Тетово
Copyright © 2012