Одделение за епидемиологија со ДДД

Печати
Категорија: Услуги Објавено на Недела, 17 Февруари 2013
Share

Активностите на одделението за епидемиологија со ДДД при ЦЈЗ Тетово е спречување и сузбивање на заразните и незразните болести.

Тоа се врши преку секојдневно прибирање на пријавите за заразни болести од примарната и секундарната здравствена заштита,анализа и утврдување на резервоарите и патиштата на пренесување.

Се врши епидемиолошки надзор над лицата кои биле во контакт со заболените од заразни заболувања.ЕпидемиолоШки надзор се врши и над лицата кои патуваат или се пристигнати од епидемиски или ендемски подрачја.Се врши епидемиолошко извидување,вакцинација по епидемиолошки индикации како и хемиопрофилакса.

Одделението за епидемиологија со ДДД се наоѓа во склоп на ЦЈЗ Тетово,како и подрачно одделение во Гостивар.

Активностите се  спроведуваат преку:

Следење  на заразните  заболувања преку индивидуланиот систем за заразни заболувања и преку синдромскиот систем за пријавување АЛЕРТ

Теренски увиди при појава на зголемен број на заразни заболувања и лабараториска дијагностика по епидемиолошки индикации.

Епидемиолошки испитувања и лабараториска дијагностика при појава на вирусен хепатит како и диференцијална дијагноза за типот на вирусот.

Активности за одржување на резултати постигнати со АФП како и активности при појава на АФП

Спречување на внес на тропски и карантински заболувања и маларија

Теренски увиди при појава на ретки болести ,непознати или нерегистрирани болести во Р.Македонија

Контрола на задолжителна имунизација

Следење на приридожаришни инфекции и зоонози

Спроведување на вакцинација по епидемиолошки индикации;за Грип,хепатит Б,тифус,менингит за лица кои патуваат на ходочастие во Саудиска Арабија

Контрола на интрахоспиталните инфекции

Доброволно доверливо советување и тестирање за ХИВ/СИДА

Ја спроведува Програмата за спречување и сузбивање на бруцелоза кај наслението

Следење на бацилоносителство кај заболени од одредени зарзни заболувања

Спроведување на ДДД по епидемиолошки и профилактички индикации.

Здравствено воспитна активност од областа на епидемиологијата,во врска со спречување и сузбивање на заразни болести.

Обрзецот за барање на услуга можете да го превземете тука.

 

 

 

Share
Посети: 3859

ЈЗУ Центар за Јавно Здравје - Тетово
Copyright © 2012