Исхрана и здравје

Печати
Категорија: Услуги
Објавено на Четврток, 21 Март 2013

          Исхраната е најважен и најдинамичен еколошки феномен од кој зависат сите фази на растот и развојот на човекот и неговата еволуција во биолошка и културна смисла.

         Правилната исхрана е основен услов за правилен развој на организмот,но и за спречување на болестите ,за брзо лекување и закрепнување доколку се појават. 

Со прав избор на храна се одржува здравјето и продолжува животот

 

          Активностите се спроведуваат преку здравствена воспитна активност од областа на квалитетот на исхраната и здравјето.

 

Едукативни совети:

 

- правилна исхрана и безбедност на храната за животните   функции и здравјето на човекот

- правилна исхрана како здрав начин на живеење

- што подразбира правилната исхрана,

- рамнотежа,разновидност и умереност на храната,

- подобрување на квалитетот на живеење-физичка активност

- контрола на болести поврзани со храната

 

Определување на потребите од хран 

- дневен препорачан енергетски внес и внес на хранливи материи(микро и макронутриенси) за одредени популациони групи.

-антропометриски мерења:ТВ, ТТ и одредување на БМИ

  

Препораки за превенција на  :

- зголемена ,прекумерна и недоволна телесна тежина;

зголемени вредности на холестерол ,

- зголемени вредности на шеќер во крвта

зголемен крвен притисок

кардиоваскуларни заболувања

болести на органите за варење

анемии

шеќерна болест и секое останато одстапување од здравјето на организмот.

      Здравствено воспитната дејност се спроведува во просториите на ЈЗУ Центарот за јавно здравје Тетово, или преку групни предавања во училишни установи.

  

 

 

Курс по хигиенски минимум

Печати
Категорија: Услуги
Објавено на Четврток, 21 Март 2013

Обука по хигиенски минимум

      ЈЗУ Центарот за јавно здравје Тетово е овластена институција (Решение бр.02-605/5 од 11/02/2013 год.издадено од АХВ на Р.Македонија) за спроведување на обука и проверка на знаењата , за  стекнување на основни знаења за беѕбедност на храната,правила за добра хигиенска пракса  и заштита на животната средина согласно Правилникот  (Службен весник на Р.Македонија бр.5/2013 год.) и останатите законски прописи.

   За таа цел обезбедени се предавачи со соодветно образование ,искуство и знаења и формирана е Комисија за начинот на проверка на знаењата и издавање Потврда за стекнати основни знаења за безбедност на храната.

Начин на спроведување на обуката

    Обуката се спроведува преку тематска настава од 15 школски часа од областите наведени во програмата ,како и практични примери за соодветната област.

 Програма за стекнување на основни знаења за безбедност на храната:

1.Законодавство од областа на безбедност на храната - 1 час

2.Безбедност на храна - 1 час

3.Болести кои се пренесуваат преку храна - 2 часа

4.Хигиена во синџирот на храна - 3 часа

5.Лична хигиена - 1 часа

6.хигиена на објекти за производство и промет со храна - 3 часа

7.Контрола на безбедност на храната - 1 час

8.Безбедност на храната и животна средина - 1 час

 

За кои лица е задолжителна обуката

    Обуката е задолжителна за сите лица вработени во бизнисот со храна.(производство,дистрибуција,промет на храна)

 

Полагање на испит

Испитот за стекнати знаења се спроведува по завршувањето на обуката, со писмено полагање со времетраење од 60 минути.

Комисијата од три члена се грижи за правилно, објективно и непристрасно спроведување на испитот.

Испитот се смета положен, доколку кандидатот одговорил минимум 60% на поставените прашања.

По завршениот испит кандидатот добива Потврда за стекнати основни знаења за безбедност на храната.

Обуката/наставата се изведува во просториите на Центарот за јавно здравје Тетово, или во простории на операторот со храна на нивно барање.

 

 

 

 

Земање на мостри

Печати
Категорија: Услуги
Објавено на Петок, 01 Март 2013

Земање на мостри

Стручен тим кој е составен од доктор специјалист по хигиена и здравствена екологија и санитарен  техничар, со содветна опрема  вршат земање на мостри  и истите во содветни услови безбедно ги транспортираат до лабараториите за понатамошни тестирања.

При тоа се врши земање на :

  • вода за пиење,
  • површински и подземни води,(освен отпадни)
  • вода од рекреативно спортски базени,
  • минерални води,
  • храни,
  • предмети за општа употреба,
  • брисеви за чистота на простор,прибор,опрема и лица.

Сите вработени се стручно оспособени за сите наведини дејности во врска со земањето примероци и поседуваат соодветно калибрирана опрема согласно важечката регулатива и меѓународните стандарди.

Земањето мостри за анализа се врши за потребите на  Дирекцијата за храна и ветеринарсво и Државниот Санитарен и Здравствен инспекторат и на различни корисници ( јавни комунални водоснабдителни претприатие, идустриски производства, промет со храна, градинки, школи,  факултети,  интернати,  студентски  домови,  здравствени установи и други правни субјекти  како и  индивидуални лица кои имаат потреба за истото).

За сите корисници освен за Министерството за здравство за да се отпочне процедурата на земање и последователно тестирање неопходно е да се поднесе барање за истото  на внатрешен образец ОБ 4.4. 01 В/4  БАРАЊЕ ЗА ТЕСТИРАЊЕ,  на приемно Просторија 1 ( втори кат лево ) или да се склучи договор со ЈЗУ ЦЈЗ Тетово каде ќе се специфира честотата на земањето примероци и видот на тестирањата.

 

Полагање на стручен испит

Печати
Категорија: Услуги
Објавено на Вторник, 26 Февруари 2013

ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ

Од 2005 година во надлежност на Центрите за јавно здравје во Република Македонија премина и организацијата и полагањето на стручниот испит (т.н.државен испит) на лицата што завршиле средно, више и високо образование од областа на медицината на територијата на Р.Македонија со следниве занимања:

  • Медицински лаборантски техничари;
  • Виши санитарни техничари - лабораториски аналитичари;
  • Висока - специјалист лабораториски аналитичар.

       За таа цел, а во согласност со Законот за здравствена заштита на РМ, при ЈЗУцентар за јавно здравје Тетово формирана е Комисија за полагање на стручни испити.

Потребна документација за полагање на стручен испит:

  • диплома - уверение за завршено образование (заверено на нотар);
  • фотокопие од лична карта;
  • стажантска книшка;
  • уплатница од 6.000 денари;
  • барање;

        По поднесувањето на барање, на кандидатот веднаш ќе му биде закажан термин за полагање.  Полагањата се одржуваат секоја последна недела во месецот во 16 часот

Договори за деловна соработка

Печати
Категорија: Услуги
Објавено на Вторник, 26 Февруари 2013

СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ ЗА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА

Во интерес на нашите клиенти - корисници на наши услуги, а за подобра реализација на наплатата на извршените услуги, ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово нуди можност за склучување на Договори за деловна соработка.

   Со договорите се утврдува предметот на договорот (кои анализи и услуги ќе се вршат), нивниот обем, начин и рок на реализација на договорот, како и начинот на плаќање. За сите оние кои склучиле Договор со ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово, а во зависност од видот и обемот на соработка, што влијае на висината на договорените износи,ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово дава договорни попусти, кои се движат од 10 до 30% од редовните цени. 

   Затоа, доколку сте постоечки корисник на наши услуги како што се:

  • санитарни прегледи,
  • хемиски и бактериолошки анализи на храна или вода за пиење,
  • анализи за квалитет и детекција на присуство на тешки метали во храна, накои пестициди и микотоксини во храна,
  • хемиски анализи на предмети за општа употреба,
  • брисеви од работни површини, опрема и прибор за јадење,
  • контролa на стерилизатор,
  • дезинфекција,
  • дезинсекција,
  • дератизација и др.

   и истите се во поголем обем или често ги користите нашите услуги, Ви препорачуваме да склучите Договор за соработка со нашата институција , со утврден попуст.

 За подетални информации обратете се на телефон 044-331-233 или на

e-mail: zzzte@t-home.mk

 

 

 

 

 

Одделение за епидемиологија со ДДД

Печати
Категорија: Услуги
Објавено на Недела, 17 Февруари 2013

Активностите на одделението за епидемиологија со ДДД при ЦЈЗ Тетово е спречување и сузбивање на заразните и незразните болести.

Тоа се врши преку секојдневно прибирање на пријавите за заразни болести од примарната и секундарната здравствена заштита,анализа и утврдување на резервоарите и патиштата на пренесување.

Се врши епидемиолошки надзор над лицата кои биле во контакт со заболените од заразни заболувања.ЕпидемиолоШки надзор се врши и над лицата кои патуваат или се пристигнати од епидемиски или ендемски подрачја.Се врши епидемиолошко извидување,вакцинација по епидемиолошки индикации како и хемиопрофилакса.

Одделението за епидемиологија со ДДД се наоѓа во склоп на ЦЈЗ Тетово,како и подрачно одделение во Гостивар.

Активностите се  спроведуваат преку:

Следење  на заразните  заболувања преку индивидуланиот систем за заразни заболувања и преку синдромскиот систем за пријавување АЛЕРТ

Теренски увиди при појава на зголемен број на заразни заболувања и лабараториска дијагностика по епидемиолошки индикации.

Епидемиолошки испитувања и лабараториска дијагностика при појава на вирусен хепатит како и диференцијална дијагноза за типот на вирусот.

Активности за одржување на резултати постигнати со АФП како и активности при појава на АФП

Спречување на внес на тропски и карантински заболувања и маларија

Теренски увиди при појава на ретки болести ,непознати или нерегистрирани болести во Р.Македонија

Контрола на задолжителна имунизација

Следење на приридожаришни инфекции и зоонози

Спроведување на вакцинација по епидемиолошки индикации;за Грип,хепатит Б,тифус,менингит за лица кои патуваат на ходочастие во Саудиска Арабија

Контрола на интрахоспиталните инфекции

Доброволно доверливо советување и тестирање за ХИВ/СИДА

Ја спроведува Програмата за спречување и сузбивање на бруцелоза кај наслението

Следење на бацилоносителство кај заболени од одредени зарзни заболувања

Спроведување на ДДД по епидемиолошки и профилактички индикации.

Здравствено воспитна активност од областа на епидемиологијата,во врска со спречување и сузбивање на заразни болести.

Обрзецот за барање на услуга можете да го превземете тука.

 

 

 

Санитарни прегледи

Печати
Категорија: Услуги
Објавено на Среда, 13 Февруари 2013

Санитарни прегледи согласно законска регулатива ( Закон за заштита на населението од заразни болести сл.весник на Р.Македонија бр.66/2004;139/2008;99/2009  и Правилник за начинот на вршење содржината на прегледите и роковите   на вршењето на задоволителни санитарно хигиенски прегледи на вработените сл.весник.Р.Македонија бр. 152/2007 )        

  • Лица вработени во: производство и промет на храна и снабдување со вода за пиење.
  • Прегледи на вработени во установи за основно,средно и друг вид на образование.
  • Лица вработени во установи за воспитување,згрижување и рекреација на деца.
  • Здравствени работници,
  • Работници во производство и промет со лекови,
  • Флизери, бербери, козметичари, масери, педикири, услуги за депилација, тетоважа и пирсинг и друг вид хигиенски услуги и рекреација,

Санитарните прегледи се извршуваат како:претходни прегледи(пред вработување), периодични прегледи и вонредни здравствено-хигиенски прегледи,  согласно законската регулатива, во Одделението за хигиена и здравствена екологија , а за поголеми работни установи во договор со истите  се одвиваат во самата работна организација. Овие прегледи бараат ангажираност и работа на стручни лица како од областа на хигиена така и од областа на микробиологија со паразитологија во која во која се врши прием и обработка на билошки материјал поради контрола на бацилоносители.

Санитарните прегледи се вршат секој ден од 80-160h.  Прием на материјал во микробиолошка лабарараторија од 80-130h

Телефон за контакт:

044 33 12 33 и 333 754 Тетово, раководител на Одделение за санитарно хигиенаса дејност со здравствена екологија хигиена  Др.Ратко Давидовски специјалис по хигиена и здравсвена екологија

042 213 181 –Гостивар, раководител на Одделение за санитарно хигиенска  дејност со здравствена екологија  Прим.Др. Иванка Наумчевска  специјалис по хигиена и здравсвена екологија

Испитување на намирници

Печати
Категорија: Услуги
Објавено на Вторник, 15 Јануари 2013

1.Млеко и млечни производи:

1.1 Млеко-квалитет.

  • Одредување на сува материја,  метода со сушење
  • Одредување   содржина на масти по Гербер
  • Одредување на протеини*
  • Одредување на пХ (за сурово млеко)
  • Негативна алкохолна проба (за сурово млеко)
  • Одредување степен на киселост по Sohslet и Henkel, титриметриска метода
  • специфична тежина
  • органолептички особини

 

1.2 Кисело млеко и јогурт- квалитет.

  • (ферментирани млечни производи)
  • Одредување на сува материја,  метода со сушење
  • Одредување содржина на масти по Гербер
  • Одредување степен на киселост по Sohslet и Henkel, титриметриска метода/ пХ
  • Одредување на протеини*
  • Органолептички особини

 

1.3 Сирење, кашкавал- квалитет. 

  • Одредување вода
  • Одредување содржина на масти 
  • Одредување на протеини*
  • Органолептички особини

 

1.4 Урда- квалитет.

  • Одредување  содржина на вода
  • Одредување степен на киселост
  • Одредување на масти
  • Одредување на протеини*
  • Органолептички особини

 

1.5 Кајмак- квалитет. 

  • Одредување вода
  • Одредување степен на киселост
  • Одредување на содржина на сол
  • Одредување  содржина на масти
  • Одредување на протеини*
  • Органолептички особини

 

1.6  Путер- квалитет.

  • Одредување содржина на вода
  • Млечна маст
  • Одредување на содржина на кујнинска сол
  • Одредување на пХ

 

2.Мелнички производи:

2.1 Пченично брашно - квалитет.

  • Одредување содржина на вода
  • Одредување степен на киселост
  • Одредување содржина на пепел
  • Одредување на протеини*
  • Органолептички особини

 

2.2 Пченичен гриз - квалитет.

  • Одредување содржина на вода
  • Одредување степен на киселост
  • Одредување содржина на пепел
  • Одредување на протеини*
  • Органолептички особини

 

2.3 Пченкарно брашно- квалитет.

  • Одредување степен на киселост
  • Одредување содржина масти 
  • Одредување на протеини*
  • Органолептички особини

 

2.4 Леб - квалитет.

  • Одредување содржина на вода
  • Одредување степен на киселост
  • Одредување на протеини*
  • Органолептички особини

 

2.5 Двопек- квалитет.

  • Одредување содржина на вода
  • Одредување на  масти Soxslet
  • Одредување на протеини*
  • Органолептички особини

 

2.6 Тестенини- квалитет.

  • Одредување  содржина на вода
  • Одредување степен на киселост
  • Одредување на содржина на кујнинска сол
  • Одредување на количина на супстанци кои преминуваат во водениот екстрат, проба со варење 
  • Одредување на протеини*
  • Органолептички особини

 

2.7 Кекси- квалитет

  • Одредување  содржина на вода
  • Одредување содржина масти
  • Одредување на протеини*
  • Органолептички особини  

 

3.Кондиторски производи- квалитет.

3.1 Чоколада,чоколадни бомбони- квалитет

  • Одредување  содржина на вода
  • Одредување содржина масти
  • Одредување на вкупен инвертен шеќер 
  • Одредување на протеини*
  • Органолептички особини

 

3.2  Чоколаден крем (еурокрем)-квалитет

  • Одредување  содржина на вода
  • Одредување содржина масти
  • Одредување на вкупен инвертен шеќер
  • Одредување на протеини*
  • Органолептички особини

 

3.3 Локум, желе бомбони-квалитет

  • Одредување  содржина на вода
  • Одредување содржина масти
  • Одредување на вкупен инвертен шеќер
  • Органолептички особини

3.4 Бомбони(тврди , карамели , гумени) - квалитет

  • Определување  содржина на вода
  • Органолептички особини

 

3.5 Гума за џвакање

  • Определување  содржина на вода
  • Определување на растворлив/нерастворлив дел
  • Органолептички особини

 

3.6 Таан алва

  • Одредување  содржина на вода
  • Одредување содржина масти
  • Одредување на вкупен инвертен шеќер
  • Органолептички особини

 

4.  Мед- квалитет

  • Определување сува материја
  • Определување вкупни киселини
  • Одредување на директно редуктивен и вкупен  инвертен шеќер
  • Одредување на пепел
  • Органолептички особини

 

5. Кафе, какао и чаеви

5.1 Кафе печено мелено,  инстант кафе(Нескафе)- квалитет

  • Одредување содржина на вода
  • Одредување на пепел
  • Одредување на воден екстракт
  • Процент на препечени зрна.
  • Органолептички особини

 

5.2 Кафе сирово во зрна - квалитет

  • Одредување содржина на вода
  • Одредување на пепел
  • Одредување на страни примеси.
  • Органолептички особини

 

5.3 Чај (руски, индиски)- квалитет

  • Одредување содржина на вода
  • Одредување на воден екстракт
  • Одредување на пепел
  • Органолептички особини

 

5.4 Какао во прав-квалитет

  • Одредување содржина на вода
  • Одредување на воден екстракт
  • Одредување на пепел
  • Органолептички особини

 

6.Масти и масла

6.1 Масло за јадење-квалитет

  • Одредување содржина на вода
  • Одредување индекс на рефракција
  • Одредување на степен на киселост
  • Одредување на сапунификационен број.
  • Одредување на јоден број.
  • Одредување на пероксиден број.
  • Одредување на слободни масни киселини.
  • Одредување на релативна густина.
  • Органолептички особини

 

6.2 Свинска маст-квалитет

  • Одредување  соджина на вода
  • Одредување на степен на киселост
  • Органолептички особини

 

6.3 Маргарин- квалитет

  • Одредување содржина на вода.
  • Одредување на степен на киселост
  • Одредување кујнинска сол
  • Органолептички особини

6.4 Мајонез- квалитет

  • Одредување на содржина на вода
  • Одредување вкупни масти
  • Органолептички особини

 

6.5 Прелив за салата на база на мајонез-квалитет

  • Одредување на содржина на вода
  • Одржување на вкупни масти
  • Органолептички особини

 

7. Готварска сол-квалитет

  • Одредување на содржина на вода
  • Одредување на калиум јодат
  • Одредување на натриум хлорид
  • Одредување на страни примеси нерастворливи во вода
  • Органолептички особини

 

8.Сенф- квалитет

  • Одредување содржина на вода
  • Одредување кујнинска сол
  • Одредување пепел
  • Одредување на песок нерастворлив хлороводородна киселина
  • Органолептички особини

 

9. Производи од зеленчук-квалитет

9.1 Мелена мирудиска  пиперка (мелена блага ,мелена лута)

  • Одредување на содржина на вода
  • Содржина на пепел нерастворлив во ХЦл
  • Содржина на етерски екстракт
  • Одредување на капсантин во пипер
  • Органолептички особини

 

9.2. Додаток на јадења со зеленечук - квалитет

  • Одредување на содржина на вода
  • Одредување на содржина на сол
  • Одредување  содржина на сушен зеленчук
  • Одредување  содржина на натриум глутаминат
  • Органолептички особини

 

9.3.Пастеризиран и стерилизиран зеленчук - квалитет

  • Одредување на содржина на сол
  • Органолептички особини

 

9.4 Мариниран зеленчук  (зеленчук во оцет) - квалитет

  • Одредување вкупни киселини изразени како оцетна
  • Одредување на кујнинска сол во %
  • Органолептички особини

 

9.5 Концетриран сок од зеленчук-  квалитет

  • Кујнинска сол во %
  • Вкупни киселини изразени како лимонска киселина
  • Процент на пепел нерастворлив во ХЦл
  • Одредување на протеини
  • *Органолептички особини

 

9.6 Сос од зеленчук, кечап и сродни производи - квалитет             

  • Сува материја  
  • Процент на пепел нерастворлив во ХЦл
  • Органолептички особини

 

9.7  Чипс, смоки, флипс производи - квалитет  

  • Масти 
  • Одредување на протеини*
  • Одредување на вкупни јаглени хидрати
  • Органолептички особини

 

10. Безалкохолни пијалоци од база -квалитет

  • Одредување на сува материја
  • Одредување содржина на натриум бензоат
  • Одредување содржина на етанол
  • Одредување количина на јаглендвооксид1
  • Органолептички особини

1параметарот  не се испитува за пакување во лименка 

 

11. Производи од овошје

11.1 Концентриран,бистар,матен и кашест овошен сок-квалитет

  • Одредување на количина на додаден шеќер изразен како сува материја
  • Органолептички особини

 

11.2 Компот, овоШна салата-квалитет

  • Одредување на сува материја
  • Органолептички особини

 

11.3 Слатко,  мармалад , џем - квалитет

  • Одредување на сува материја
  • Одредување на пепел
  • Одредување на содржина на  СО2.
  • Органолептички особини

 

11.4 Концентрат за сок - квалитет

  • Одредување на сува материја
  • Органолептички особини

 

11.5  Сушено овошје-квалитет

  • Одредување на вода метода со сушење
  • Процент на пепел нерастворлив во ХЦл
  • Органолептички особини

 

12. Шлаг од растителни масти-квалитет

  • Масти
  • Вкупен инвертен шеќер
  • Органолептички особини

 

13. Одредување на нутритивна карактеристики на храна за животни

  • Одредување на протеини*
  • Одредување масти
  • Одредување вкупни јагленихидрати

 

*Параметрите означени со звездичка се аредитирани согласно ИСО Стандардот 17025

 

 

 

 

 

Микробиолошки испитувања

Печати
Категорија: Услуги
Објавено на Вторник, 15 Јануари 2013

Микробиолошки  параметри кои се испитуваат во вода за пиење (вода од водовод, пакувана вода , минерана вода), Лабараторијата е акредитирана согласно ISO 17025.

1. Вкупни колиформни бактерии*

2. Колиформни бактерии од фекално потекло*

3. Вкупен број на аеробни мезофилни бактерии*

4. Срептококи од фекално потекло*

5. Сулфидо редуцирачки клостридии

6. Протеус  видови

7. Псеудомонас аеругиноса*

 

Микробиолошки параметри за испитување на животни намирници

1. Испитување салмонела*

2. Испитување на стафилококус ауреус

3. Сулфидо редуцирачки клостридии

4. Протеус видови

5. Ешерихија коли

6. Вкупен број аеробни мезофилни бактерии

7. Квасци, мувли

8. Липолитички бактерии

*Методите се акредитирани согласно ИСО 17025

 

 

Испитување на вода

Печати
Категорија: Услуги
Објавено на Вторник, 15 Јануари 2013

Список на физичко хемиски  параметри кои се тестираат во вода за пиење ( вода од водовод, пакувана вода и минерална вода) - Лабараторијата акредитирана согласно ISO 17025

1. Температура

2. Боја, спектрофотометриски

3. Мирис, органолептички

4. Турбидност, фотометриски

5. pH, електрохемиски*

6. Електропроводливост

7. Потрошувачка на перманганат- волуметриски

8. Остаток после испарување испарување-гравиметриски

9. Нитрити, спектрофотометриски*

10. Нитрати, спектрофотометриски*

11. Амонијак, спектрофотометриски*

12. Вкупно железо, спектровотометриски*

13. Манган, спектрофотометриски*

14. Хлориди, спектрофотометриски*

15. Сулфати. Спектрофотометриски*

16. Калиум, спектрофотометриски*

17. Натриум , електрохемиски

18. Хром, вкупен спектрофотометриски

19. Хром, шестовалемтен спектрофотометриски

20. Вкупен, хлор

21. Слободен , хлор

22. Јаглероден двооксид.  волуметриски

23. Вкупна тврдина, волуметриски

24. Калциум , волуметриски

25. Магнезиум, волуметриски

26. Акалитет, волуметриски

*Методите се акредитирани согласно ISO 17025

Параметри кои дополнително  се тестираат во површински води

1. Растворен кислород, волуметриски

2. Потрошувачка на кислород после 5 дена БПК 5 ,волуметриски

3. Суспендирани честици

 

 

 

ЈЗУ Центар за Јавно Здравје - Тетово
Copyright © 2012