Клиничка микробиологија

Печати
Категорија: Дејности Објавено на Петок, 01 Март 2013
Share

ОТСЕК ЗА КЛИНИЧКА МИКРОБИОЛОГИЈА

Во лабораторијата за ентеро инфекции и урогенитални инфекции се испитуваат следните материјали:

  • Фецес;
  • Урина;
  • Сперма;
  • Урогенитални брисеви (брис од уретра, вулва, вагина и цервикс).

 

Видови испитувања:

  • Изолација и идентификација на Salmonella, Shigela, Clostridium defficile, а кај деца ентеропатогена E. Coli, Рота - Аденовируси.
  • Изолација и идентификација на уринарни инфекции: E. Coli, Proteus spp., Enterobacter Spp., Citrobacter Spp., Klebsiella Spp. и друго.
  • Изолација и идентификација на причинители на генитални инфекции: Streptococcus  aggalctiae, Streptoccocus faecalis, Gardnerella vaginalis , Mycoplasma, Ureoplasma, Chlamydia  и др.
  • Одредување на осетливоста на изолираните соеви спрема одредени антибиотици (антибиограм) со диск - дифузиона метода и автоматизирана со апарат MicroScan auto SCAN 4.

 

Во лабораторијата за респираторни и интрахоспитални инфекции се испитуваат следните материјали:

  • Брисеви од грло, нос, коњуктиви, уши, рани, пунктати, абсцес и др.
  • Трахеален аспират, искашлок, бронхијален секрет;
  • Крв за хемокултура;
  • Ликвор;
  • Брисеви од работни површини, предмети и друг болнички материјал за контрола на стерилност, по Програма за интрахоспитални инфекции;
  • Контрола на стерилност на физиолошки и други медицински раствори;
  • Биолошка контрола на стерилност на суви и влажни стерилизатори, автоклави.

 

Видови испитувања:

  • Изолација и идентификација на аеробни и анаеробни бактерии: Staphylococcus aureus, Streptococcus pyogenes (A, B, D), Streptococcus pneumoniae, Haemophilus influenzae, Moraxella (Branchamella) catarrhalis, Neisseria Meningitidis, Bacteroides Spp., Candida species, Aspergillus spp. итн.
  • Одредување на осетливост на изолираните бактериски видови, спрема одредени антибиотици (антибиограм) со диск - дифузиона метода и автоматизирана идентификација и антибиограмсо апарат MicroScan auto SCAN 4.

 

Идентификацијата на бактериските видови во овие лаборатории се врши со современа дијагностика ( MicroScan auto SCAN 4  - апарат), високо селективни подлоги, комерцијални Slidex тестови итн.

 

Одделот за припремање на бактериолошки подлоги, садомијална и стерилизација се вршат следните работи:

  • деконтаминација на бактериолошкиот материјал, негово миење , припремање за стерилизација и конечна стерилизација;
  • припрема на бактериолошки подлоги, варење, разлевање и нивна стерилизација.

 

Одделот за прием на материјали и издавање на резултати:

       Во одделот за прием на материјали и издавање на резултати се  врши прием на  материјал за микробиолошко испитување, а по извршените анализи се издаваат соодветните резултати. Тука е важно да ги споменеме и општите правила за земање на примероци од клинички материјали за микробиолошко испитување .

 

Општите правила за земање на примероци од клинички материјали за микробиолошко испитување:

НАПОМЕНА: Од начинот на правилно земање на материјалите за анализа, зависи и валидноста - точноста на добиените резултати. За таа цел треба да се води сметка за:

1. Примерокот (материјалот) мора да потекнува од местото на инфекција, како би се открил етиолошкиот причинител;

2. Примерокот да се земе во стерилни садови, кои добро се затвораат (стерилните садови се земаат од шалтер во ЈЗУ ЦЈЗ Тетово);

3. Треба да се одбегнува контаминација со физиолошка флора;

4. Садот со примерокот треба да е обележан со име и презиме на болниот;

5. Упатницата која пропратно се испраќа треба да е јасно пополнета со јасни податоци за тоа кој материјал се испраќа, каква анализа се бара, возраст, пол , дијагноза, примена терапија и друго;

6. Примерокот по правило треба да се земе пред почеток на антибиотска терапија, а ако тоа не е возможно да се наведе или наведат применетите антибиотици.

Само со спроведување на овие пораки резултатите секогаш ќе бидат вистински сигурни.

 

ОТСЕК ЗА ПАРАЗИТОЛОГИЈА

        Отсекот за паразитологија ги испитува вегетативните и цистични форми на паразити и протозои од фецес и крв за маларија.

 

 

Во овoj отсек се врши:

1. Преглед на фецес за присаство на цревни паразити:

  • Ascaris lumbricoides
  • Enterobius vermicularis
  • Taenia saginata
  • Taenia solium
  • Hymenolepis nana

2. Преглед на фецес за присаство на протозои

  • Enthamoeba hystolytica,
  • Giardia lamblia

 

 

Share
Посети: 3335

ЈЗУ Центар за Јавно Здравје - Тетово
Copyright © 2012