Земање на мостри

Печати
Категорија: Услуги Објавено на Петок, 01 Март 2013
Share

Земање на мостри

Стручен тим кој е составен од доктор специјалист по хигиена и здравствена екологија и санитарен  техничар, со содветна опрема  вршат земање на мостри  и истите во содветни услови безбедно ги транспортираат до лабараториите за понатамошни тестирања.

При тоа се врши земање на :

  • вода за пиење,
  • површински и подземни води,(освен отпадни)
  • вода од рекреативно спортски базени,
  • минерални води,
  • храни,
  • предмети за општа употреба,
  • брисеви за чистота на простор,прибор,опрема и лица.

Сите вработени се стручно оспособени за сите наведини дејности во врска со земањето примероци и поседуваат соодветно калибрирана опрема согласно важечката регулатива и меѓународните стандарди.

Земањето мостри за анализа се врши за потребите на  Дирекцијата за храна и ветеринарсво и Државниот Санитарен и Здравствен инспекторат и на различни корисници ( јавни комунални водоснабдителни претприатие, идустриски производства, промет со храна, градинки, школи,  факултети,  интернати,  студентски  домови,  здравствени установи и други правни субјекти  како и  индивидуални лица кои имаат потреба за истото).

За сите корисници освен за Министерството за здравство за да се отпочне процедурата на земање и последователно тестирање неопходно е да се поднесе барање за истото  на внатрешен образец ОБ 4.4. 01 В/4  БАРАЊЕ ЗА ТЕСТИРАЊЕ,  на приемно Просторија 1 ( втори кат лево ) или да се склучи договор со ЈЗУ ЦЈЗ Тетово каде ќе се специфира честотата на земањето примероци и видот на тестирањата.

 

Share
Посети: 3597

ЈЗУ Центар за Јавно Здравје - Тетово
Copyright © 2012