Ранливи групи на население кои се изложени на зголемен ризик за можни здравствени последици се:

  • Стари лица – постарите лица имаат поголем ризик да се здобијат со последици врз нивното здравје како резултат на ниските надворешни температури поради нивниот побавен метаболизам во споредба со помладите како и нивната подвижност која е намалена. Особено под ризик се старите лица кои живеат сами, кои се неподвижни, неадекватно се исхрануваат, примаат лекарства кои допринесуваат за отежната терморегулација.
  • Новороденчиња и деца – Новороденчињата се под зголемен ризик од ектремно ниските температури и можат да развијат хипотермија многу побрзо како резултат на малата големина на нивното тело (имаат различен сооднос на површински дел од телото и маса отколку возрасните) и поголемата загуба на топлина, како и помалата способност за  продукција на топлина. Децата имаат помала мускулна маса и кај нив може да настане намалување на телесната температура многу побргу отколку кај возрасните при услови на иста надворешна температура. Респираторниот систем кај децата е повеќе осетлив на влијанието на надворешните температури и кај нив се почести заболувањата на респираторниот систем. Децата кои имаат и придружни заболувања како астма се под зголемен ризик за настанување на последици од ладното време.
  • Социјално загрозени лица социјално загрозени лица-кои неможат да си дозволат адекватно затоплување на нивните домови (околу 75% од овие лица се најчесто лица кои живеат сами, без никого) или лица кои се прeкумерно изложени на ниски надворешни температури како бездомниците, или лицата кои живеат во неадекватни живеалишта без изолација и затоплување, сиромашни лица.
  • Работници кои работат на отворено – работници со одредени професии чија работа е во надворешни средини пример градежништво,шумарство итн. се под зголемен ризик од здобивање на здравствени последици како резултат на екстремно ниски 
  • Лица со хронични заболувања или лица кои употребуваат одредени медикаменти или прекумерна количина на алкохол – медицинските состојби кои можат да предизвикаат хипотермија се ендокрините заболувања како на пример  хипотиреоидизам, хипопитуиризам, хипоадренализам, некои повреди на главата, дијабетот (посебно кога има и хипогликемија). Лицата кои имаат физичка попреченост од било која причина (скршеници или телесна попреченост во нивниот развој) поради намалената подвижност се исто така под зголемен ризик за здравствени последици. Употребата на некои лекарства како на пример барбитурати или фенотијазиди итн.,  кои доведуваат до отежната 
  • Лица со кардиоваскуларни заболувања – ладното време го зголемува крвниот притисок-зголемениот крвен притисок го зголемува ризикот за појава на срцеви и мозочни 
  • Лица со респираторни заболувања – ладното време ја намалува резистентноста кон респираторни инфекции, ја намалува функцијата на белите дробови и може да ја активира бронхијалната констрикција кај астмата.

 

Leave a Comment