СЕЗОНА 2013/2014

 (петта недела, до 02.02.2014)

Во текот на 5-тата недела од 2014 година (од 27.01.2014– 02.02.2014 година), во Република Македонија се пријавени 2.350 (МБ 11,4/10.000) новозаболени на групни пријави за заболени од грип, што во однос на минатата недела претставува згголемување на бројот на регистрирани случаи за 12,4%. Заболените се пријавени од  28 извештајни единици (од вкупно 31) (Графикон 1).

Во споредба со бројот на заболени во 5-тата недела од минатата сезона (2.190), се бележи зголемување за 7,3%, а во однос на епидемискиот праг (просечниот број на заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период, кој изнесува 1.738), се регистриразголемување за 35,2%.

 Графикон 1. Просечен број на случаи на грип на неделно ниво, во периодот 2003/2004-2012/2013, споредено со

број на пријавени случаи по недели во сезоната 2012/2013 и 2013/2014

Вкупниот број на заболени од грип во републиката од почетокот на сезоната 2013/2014 (40 недела, 2013)заклучно со 5-тата недела од 2014 годинаизнесува 7.778 (МБ 37,8/10.000).Во овој период регистрирани се два смртни случаи, асоциранисо инфекција со вирусот на грип.

Во споредба со истиот период минатата година (5.664 заболени), постои зголемување на вкупниот број на пријавени случаи за 37,3%, а во однос на просекот за 10-годишниот период (6.566) се регистрира зголемување за 18,5%.

Заболени лица за целата оваа сезона се пријавени во 30 од 31 извештајна единица, но во 4 единици бројот на регистрирани заболени лица е помал од 10.

Дистрибуцијата на заболените од грип по месеци прикажана на Графикон 2, укажува на тоа дека во месец јануари пријавени се најголем број на случаи со симптоми на грип – 6.801 или 87,4% од вкупниот број на заболени во целата сезона 2013/2014. Во месец декември, регистрирани се 606 случаи или 7,8%.

 Графикон 2.Број на заболени од грип во РМ во сезоната 2013/2014, по месеци

Најголем број на заболени во оваа сезона се регистрирани на територијата на ЦЈЗ Велес /ПЕ Кавадарци – 1.360 и ЦЈЗ Скопје – 1.154 заболени, а најголем МБ (315,2/10.000) е регистриран во ПЕ Кавадарци (Графикон 3).

Графикон 3.Број на заболени и морбидитет од грип во РМ во сезоната 2013/2014, по ЦЈЗ/ПЕ

Бројот на заболени и морбидитетот по возрасни групи, во сезоната 2013/2014 е прикажан во Табела 1. Најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) со 5.083 случаи (65,4%), а најголем МБ (75,2/10.000) е регистриран кај најмладите децата до 4-годишна возраст.  

Табела 1. Број на заболени и МБ, по возрасни групи

Возрасна група 0-4 години 5-14 години 1564 години 65+ години
 

Број на заболени

856 1.109 5.083 730
 

Мб/10.000

75,2 44,8 35,0 30,4

Во текот на 5-тата недела од 2014до вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РМ пристигнати се 11 материјали за тестирање на грип, од кои 6 биле позитивни и тоа: 3 се позитивни на вирусот на инфлуенца А/H3N2, 2 се нетипизирани инфлуенца А вирусии 1 на вирусот на инфлуенца A/H1N1pdm09.

Од почетокот на сезоната 2013/2014, во оваа лабораторија се пристигнати вкупно 73 хумани материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти, од кои 35 или 44,9% биле позитивни на вирусот на инфлуенца.

Од позитивните, 30 материјали се конфирмирани како инфлуенца А (85,7%), а кај 5 е докажано присуство на инфлуенца Б вирусот (14,3%). Од инфлуенца А позитивните, 7 или 23,3% се конфирмирани како инфлуенца A/H1N1 pdm 09, 15 материјали се позитивни на инфлуенца А/H3N2 (50%), а 8 се нетипизирани инфлуенца А вируси (26,7%).

Бројот на пријавени случаи на грип/заболувања слични на грип во Македонија го задржува трендот на пораст, со намалување на интензитетот на порастот и оваа недела, како и претходната.

Се очекува овој тренд на пораст на активноста на вирусот на грип да се одржува и во наредните недели, со варијации во интензитетот.

Во циркулација се двата подтипа на вирусот на инфлуенца А и инфлуенца Б вирусот, со доминација на вирусот на инфлуенца А/H3N2.

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Во извештајот за движењето на вирусот на грип во сезоната 2013/2014 во Европа, според информациите на електронскиот неделник на WHO – Euroflu за 4-тата недела, се наведува дека активноста на вирусот на грип во последните неколку недели во Европскиот регион – воглавно во јужните земји, расте бавно, но стабилно.

Во останатите земји, активноста е пониска во споредба со истиот период од минатата сезона. Сепак, во четвртата недела сите земји пријавиле тренд на раст на активноста. Од почетокот на сезоната, influenza A е предоминантен тип во регионот. Бројот на лабораториски потврдени, хоспитализирани случаи се зголеми во последните неколку недели во јужните и западните европски држави, а 87% од случаите во 4-тата недела се предизвикани од A(H1N1)pdm09.   

Во текот на 4-тата недела биле тестирани 10.749 примероци од лица со заболувања слични на грипот (ILI), акутни респираторни инфекции (ARI) и тешки акутни респираторни инфекции (SARI). Од нив, 1.568 или 15% биле позитивни за грип, а од нив 96% биле позитивни на influenza A, додека само 4% на influenza B.

Од почетокот на сезоната (40 недела/2013), детектирани се и типизирани 7.969примероци на грип. Од нив, 94% се типизирани како influenza A и 6% како influenza B. Од influenza A типизираните наоди, 5.473 се субтипизирани – од нив 3.076 (56%) се A(H1N1)pdm09 и 2.397 (44%) се A(H3N2). Субтипизирани се и 54 influenza B вируси, а од нив, 50 (93%) се B/Yamagata и 4 (7%) се B/Victoria.

До крајот на 4-тата недела, 17 земји пријавиле доминатен инфлуенца вирус (инфлуенца А) за оваа сезона, додека пак од земјите кои даваат податоци за субтипизација – Ирска, Словенија, Македонија и Турција пријавиле дека доминатен сој е А(H3N2); Бугарија, Грција, Латвија, Норвешка, Шпанија и Обединетото Кралство (Шкотска) – А(H1N1)pdm09, а Франција, Италија, Русија и Швајцарија пријавиле кодоминантост помеѓу овие два соеви.

Во текот на 4-тата недела од 2014 година, повеќето европски земји пријавиле низок интензитет на активноста на вирусот на грип, но со тренд на раст. Што се однесува до географската распространетост, воглавно е спорадична, освен во Бугарија, Грција, Шпанија и Обединетото Кралство (Англија) каде е пријавена широка распространетост. Стапките на ILI и ARI продолжија да растат и во третата недела, но сéуште се под националните епидемиолошки прагови во 17 земји кои воспоставиле такви прагови, освен во Албанија, Швајцарија и Израел.

Бројот на пријавени хоспитализации поради тешки акутни респираторни инфекции (SARI) незначително се намали во последната недела. Најголемиот број на хоспитализирани случаи припаѓаат на возрасната група од 0-4 години.

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

Институт за јавно здравј

Leave a Comment