СИТУАЦИЈА

Од август 2017 до сега во Мадагаскар има епидемија на белодробна чума. Од 30-ти септември 2017

, 73 случаи (претпоставени, потенцијални и потврдени) од белодробна чума се пријавени во државата, од кои 17 починале. Покрај тоа, 58 случаи од бубонска чума, вклучувајќи 7 смртни случаи се пријавени низ државата. Најзафатени  реони и градови се: Антананариво (главниот град и неговите предградија), Тоамасина и руралната област на Фаратсихо. Случаи биле пријавени од Амбатондразака, Амбохидратримо, Андрамасина, Анказобе,Аносибе, Анала, Анта-Атсимондрано, , Анта-Ренивохитра, Аривонимамо, Фаратсихо, Меватанана, Махајанга, Миаринариво, Мораманга,  Тоамсина I, Тоамасина II, Цироанамандиду, Вохемар и Амбалавао. Чумата е ендемска болест во Мадагаскар, со случаи на бaбунска чума што се пријавуваат секоја година, особено во сезоната на епидемија  меѓу септември и април. Меѓутоа, тековната белодробна чума останува невобичаен и несекојдневен настан, особено откако се појавува во густо населени крајбрежни градови.

СОВЕТИ ЗА МЕЃУНАРОДНИТЕ ПАТНИЦИ

Врз основа на достапните информации , ризикот од меѓународна појава на чума се многу ниски. СЗО советува против рестрикции за патувања или трговија врз основа на достапните информации.  Меѓународните патници треба да бидат информирани за моменталната епидемија на чума, фактот дека чумата е ендемска во Мадагаскар, треба да бидат советувани за превенција, хемопрофилакса и каде да побараат медицински третман ако им се појават симптоми поврзани со чума. Патниците треба да бидат запознаени дека Мадагаскар е ендемски за маларија и треба да се земе во предвид антималарична профилакса препорачана од СЗО кога се патува во Мадагаскар[1]. Ризикот од инфекција со Јерсинија пестис за меѓународните патници во Мадагаскар генерално е ниско. Меѓутоа, патниците се под ризик во руралните области од регионите ендемски на чума, особено ако кампуваат, ловат или ако се во контакт со глодари. Покрај  тоа, патниците од претходно неендемски региони од каде што скоро биле пријавени случаи на белодробна треска  треба да избегнуваат пренаселени области, да избегнуваат контакт со мртви животни, инфицирани ткива или материјали и да избегнат близок контакт со пациенти од белодробна чума. Патниците може да се заштитат од убоди од болви со користење на  инсектициди  за лична употреба против комарци, што може да биде еднакво заштитувачки против болви и други инсекти крвопијци. Формулациите (лосиони и спрејови) врз основа на следниве активни состојки препорачани од шемата за евалуација на пестициди на СЗО (WHOPES)[2], DEET,IR3535, Икаридин (КБР3023) или Пикаридин. Насоките на СЗО за контрола на болвите од глодари што пренесуваат бабунска треска може да се најдат подолу:

  • Пестициди и нивна апликација: за контрола на вектори и пестициди од значење за јавното здравје.

Во случај на моментални симптоми на треска, морници, болни и воспалени лимфни јазли, или скратено дишење со кашлање и/или крвава плунка, патниците веднаш треба да ги контактираат медицинските служби. Профилактичкиот третман се препорачува само за лицата што биле во близок контакт со случаи на чума или други изложувања од висок ризик ( како касање од инфицирани болви или директен контакт со телесни течности или ткиво на заразени животни). Патниците веднаш треба да го известат медицинскиот персонал или надлежните во случај на контакт или потенцијално изложување  на пациенти со белодробна треска или други изложувања од висок ризик  и да побараат медицински совет  во однос на хемопрофилаксата. Патниците треба да избегнуваат земање антибиотици  на своја одговорност како профилакса, ако не е препорачано од медицински професионалци. По враќањето од пат од Мадагаскар, патниците треба да бидат подготвени за горенаведениве симптоми и ако се појават симптомите,треба да  побараат медицинска нега и да ги информираат нивните доктори за историјата на патување во Мадагаскар.

Leave a Comment