
Меѓународниот ден на лицата со попреченост се одбележува секој 3 декември. Oдбележувањето на овој ден во светски рамки е јавно промовирано за прв пат во 1992 година од Обединетите нации и има за цел да промовира разбирање за прашањата поврзани со попреченост, како и да мобилизира поддршка за достоинственост, правата и благосостојбата на лицата со попреченост.Денес, Меѓународниот ден на лицата со попреченост се стреми да ја зголеми свеста за придобивките што треба да се извлечат од интеграцијата на лицата со попреченост во секој аспект на живеење: политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот.Попреченоста може да биде не само физичка, туку и когнитивна, ментална, сетилна, емоционална, развојна или некоја комбинација од нив. Попреченоста може да биде присутна од раѓање или да се појави во текот на животот на една личност. „Попреченост“ е општ поим, кој опфаќа оштетувања, ограничувања во извршување на активности или непречено учество во истите. Поединецот, исто така, може да се квалификува како лице со попреченост доколку тој или таа имал оштетување во минатото или се смета за онеспособен/а врз основа на личен или групен стандард или норма.Да ги поддржиме овие поединци и групи и да се стремиме кон инклузивност. Од сите нас зависи.