Неделата за превенција на рак на грлото на матката е можност да се подигне свеста за ризикот од рак на грло на матката и да им се помогне на жените да научат како да ги намалат овие ризици и да ја спречат болеста. Секоја година од 23 до 29 јануари се одбележуваа оваа недела, со цел да се крене свесноста за ракот на грлото на матката.Ракот на грлото на матката е чест карцином кај жените на возраст над 35 години, а 75% од карциномот на грлото на матката може да се спречи со методите за превенцијаСимптомите кои се јавуваат кај ова заболување:> Пелвична болка, > Вагинално крварење пост менопаузално ,> Вагинално крварење по сексуален однос, > Абнормален вагинален исцедок, > Отежната столица со ректално крварење,> Слабост, малаксаност и губење тежина ,> Отежнато мокрење, > Силна абдоминална болка, Отоци на нозете.Како метод за превенција е достапна вакцина ХПВ (хуманиот папилома вирус), за девојчиња и жени на возраст од 9-26 години. Во нашата држава таа е дел од календарот за имунизација и се дава на 12 годишна возраст. Тоа е така бидејќи овозможува развивање на имунитет уште од порана возраст, односно пред да бидат сексуално активни. Вакцината се дава во 3 дози, втората доза 2 месеци по првата, а третата по 6 месеци од првата доза.Скрининг за рана детекција на рак на грло на маткaСо организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка, се опфатени жените на возраст од 36 до 45 години, кои во последните три години немаат направено ПАП тест. Со ова се овозможува изработка на ПАП тест, со кој би се детектирало можното присуство на преканцерозни или канцерозни промени. Според податоците на Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, во 2021 година во рамки на скринингот се направени 26217 тестирања. Од сите тие кај 2070 се откриени цитолошки абнормалности. Во Регионот Тетово и Гостивар во рамки на скрининг се направени 968 тестирања , од сите тие кај 9 се откриени цитолошки абнормалности.

Leave a Comment