Млечни заби кај децатаЗабите кај бебиња почнуваат да никнуваат по 6 месеци од раѓањето. Но, бидејќи секое дете е различно и има свои карактеристики, така и времето на никнување на млечните заби е индивидуално, меѓутоа, најдоцна до третата година од животот детето треба да ги има сите млечни заби.Бројот на млечни заби е вкупно 20, десет во горната и десет во долната вилица, и тоа осум инцизиви, четири кучешки заби и осум млечни катници.Млечните заби во устата опстојуваат додека трајните заби не почнат да растат. Првите постојани заби почнуваат да никнуваат на возраст од шест години.Најчесто како прв траен заб никнува долниот молар, и по неговото никнување, млечните забчиња како резултат на ресорпција на коренот, која се должи на никнење на трајните заби, почнуваат да паѓаат, според редоследот по кој и никнале, односно, млечните единици први, по нив тројките и четворките а петките треба да паднат последни.Последните трајни заби веќе треба да бидат никнати на возраст од 12 години.

Leave a Comment