75 ГОДИНИ ПОДОБРУВАЊЕ НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ

Здравје за сите подразбира секој човек да има добро здравје за водење на исполнет живот во мирен и просперитетен свет.Правото на здравје е основно човеково право. Сите луѓе мора да имаат пристап до здравствените услуги што им се потребни, секогаш и секаде каде што им се потребни, без финансиски потешкотии.30% од глобалното население не е во можност да пристапи до основните здравствени услуги.Речиси две милијарди луѓе се соочуваат со катастрофални трошоци за здравствена заштита, како и со значителни нееднаквости што најмногу ги погодуваат оние во ранливите средини.Универзалната здравствена покриеност нуди финансиска заштита и пристап до квалитетни основни услуги, ги извлекува луѓето од сиромаштија, промовира благосостојба на семејствата и заедниците, штити од јавно здравствени кризи и нè движи кон #ЗдравјеЗаСите.

https://bit.ly/40WQhNU

https://bit.ly/3zFqM8d

https://bit.ly/3KfKMTL