Менталното здравје значи емоционална, психолошка и социјална благосостојба. Менталното здравје влијае на тоа како размислуваме, како се чувствуваме, како постапуваме, како се справуваме со стресот, како се однесуваме со другите и како правиме избор. Менталното здравје е подеднакво важно во секоја фаза од животот.
Ризик #фактори кои влијаат врз ментално здравје:Секој има одреден ризик за нарушување на менталното здравје, без оглед на нивната возраст, пол, приход или етничка припадност.
Менталното здравје на една личност може да се оформи под влијание на внатрешни (биолошки фактори) и надвоорешни фактори (социјалните, финансиските околности).
#Факторите можат да бидат #променливи:
– социо-економски статус
– професија
– ниво на здружување (социјализација)
– образование
– квалитетот на животот
#Факторите, исто така можат да бидат #непроменливи:
– пол
– возраст
– етничка припадност
– раса
– националност
Некои #типови на ментални нарушувања се:
– анксиозност
– нарушувања на расположението
– шизофренија
Раните #знаци на ментални нарушувања вклучуваат:
• повлекување од пријателите, семејството или колегите
• избегнување активности во кои вообичаено уживате
• премногу или премалку спиење
• премногу или премалку јадење
• чувство на безнадежност
• постојана ниска енергија
• честа употреба на супстанции кои влијаат на расположението, вклучувајќи алкохол и никотин
• појава на негативни чувства
• да се биде збунет (конфузија)
• неможност да ги извршува секојдневните задачи, како одење на работа или готвење
• да имате постојани мисли или сеќавања кои редовно се повторуваат
• размислување да се повредите себеси или другите
• слушање гласови
#Дијагностицирањето на нарушувањата на менталното здравје е процес кој се одвива во повеќе чекори. Не постојат медицински тестови кои дијагностицираат нарушувања на менталното здравје, но преку серија лабораториски тестови, лекарите можат да воочат и други причинители кои можеби довеле до оваа состојба. Лекарите, исто така може да побараат од пациентите да одговорат на писмен прашалник за подобро да ги разберат мислите, чувствата и моделите на однесување на една личност.#Третманот за нарушено менталното здравје се одвива на различни начини и е главно индивидуален. Поединецот треба да соработува со лекарот, да му помогне да ги идентификува своите потреби и да обезбеди соодветен третман.Можните опции за #третман, вклучуваат:- психотерапија, или говорна терапија- третман со лекови- самопомош#Одржувањето на менталното здравје главно се прави преку грижа за себе, што го намалува ризикот од болести, го зголемува нивото на енергија и управување со стресот. Неколку навики кои може да ви помогнат во грижа на менталното здравје:- физичка активност- здрава и балансирана исхрана и конзумација на вода и течности- квалитетен и обилен сон- релаксирачки активности (медитација, вежби за дишење, велнес апликации итн.)- позитивни мисли за себе и околината- бидете опкружени со луѓе кои го намалуваат вашиот стрес.Одржувајте ја вашата постојана благосостојба и среќа и не дозволувајте стресот, депресијата или анксиозноста негативно да влијаат на вашиот живот.
