Л И С Т Е Р И О З А – ИНФОРМАТИВНО ЕДУКАТИВЕН МАТЕРИЈАЛ

Листериоза е

 

… тешка, но релативно ретка инфекција предизвикана од бактеријата Listeria monocytogenes.

 

Првенствено е алиментарна инфекција – се шири главно преку загадена храна и најчесто се регистрира меѓу постарителуѓе, бремени жени или имунокомпромитирани лица (лица со ослабен имунитет од различни причини).

 

Симптоми

Листериозата може да предизвика различен спектар на симптоми.

Некои пациенти може да немаат никакви симптоми.

Претходно здрави лицакако и жени кои не се бремени, често поминуваат со симптоми на акутен гастроентеритис – воспаление на желудникот и цревата (гадење,болки во стомакот и пролив, поспаност, главоболка, треска).

Исто така, може да се јаватзамор, болки во мускулите, болки во зглобовите, повраќање и болки во грлото (симптоми слични на грип)

Компликации

Инфекцијата со листерија може да предизвика сериозна болест, најчесто кај оние со хронични здравствени состојби, стари лица или лица со нарушен имунитет. Сериозните симптоми и состојби може да вклучуваат: сепса, воспаление на мозокот и мозочните обвивки, воспаление на обвивката на срцето, апсцеси, инфицирани или воспалени зглобови.

Кај инфицирани бремени жени, клиничката слика може да се презентира само како лесна болест, но може да предизвика и спонтан абортус, предвремено породување или раѓање на мртво дете.

Кај новороденчиња, исто така, може да се јаватсимптоми на тешко заболувањекакона пр. менингитис, кој може да доведе и до смрт.

Како може да се заболи?

Бактеријата која предизвикува листериоза е широко распространета во животната средина и може да се најде во почвата, површинските води, вегетацијата и голем број на диви и домашни животни.

Од домашните животни, листериозата е најчеста кај овци, кози, говеда и др. добиток, но се наоѓа и кај глодари, кучиња, мачки, свињи, живина, папагали и канаринци. Голем број на домашни и диви животни – цицачи, птици, потоа риби и ракови можат да ја носат бактеријата, но да немаат никакви симптоми.

Домашните животни обично се разболуваат преку контаминирана храна – загадена од глодари и диви животни, дополнително лошо ферментирана во силоси.  

Повеќето луѓе заболуваат прекуконсумирање на загадена храна, но можно е пренесување на бактеријата преку директен контакт, како и со вдишување.

Бактеријата се размножува на ниски температури и е толерантна на сол, затоа може да преживее во преработена, конзервирана храна и храна што се чува во фрижидер.

Како храна којанајчесто се поврзува со ширење на листериоза се сметазамрзнато месо и хот дог; преработки од месо и риба;непастеризирано млеко и млечни производи како што се меко сирење, путер и млеко, особено ако се направени од непастеризирано млеко; претходно подготвени салати и сендвичи.

Инфекцијата може да се пренесе и преку контаминиран зеленчук и овошје, особено лубеница и диња.

Други патишта на пренесување на инфекција може да бидат: директен контакт со заразените животни, нивни органи, ткива и излачувања или контаминирана животна средина.

Бремените жени може да ја пренесат инфекцијата на новороденитепреку плацентата или за време на раѓањето.

Дијагноза

Лабораториските тестови за докажување на инфекција со листерија, се вршат на примероци од крв или цереброспиналната течност (ликвор).

Се правати лабораториски тестови на храна и примероци од животната средина,со цел пронаоѓање на изворот на Listeria.

Лекување

Третманот е со соодветни антибиотици.

Како да се избегне ова заболување? (мерки на превенција)

Мерките на превенција се слични на оние кај сите други заболувања кои се пренесуваат преку храна и зоонозите.

Да не се консумира сирова храна од животинско потекло, животинските продукти темелно термички да се обработат – доволно долго и на доволно високи температури. Однапред приготвени и замрзнати јадења како и брза храна, не треба да се чуваат премногу долго и треба да бидат повторно затопленипред сервирањето.

Консумирање на пастеризирано млеко и млечни производи подготвени исклучиво од пастеризирано млеко, бидејќи во процесот на пастеризација доаѓа до уништување набактеријата.

Темелно миење на рацете, работните површини и користениот кујнски прибор и помагала, пред и после подготовката на храната/ракувањето со нив.

Често и темелно чистење и миење на фрижидерите каде се складира и чува храната.

Свежиот зеленчук, овошјето и салатите треба темелно да се измијатпод силен млаз вода – пред јадење, сецкање или готвење, па дури и кога се излупени.

Лицата изложени на поголем ризик – оние со ослабен имунолошки систем, повозрасни лица и бремените жени особено, треба посебно да обратат внимание на препорачаните мерки и да избегнуваатконсумација на меки сирења, непастеризирани млечни производи, паштета и салати, да избегнуваат храна од кулинарски тезги, брза храна, да не се претоплува еднаш оладената храна, како и избегнување на контакт со бремени или новородени животни.

 

Не постои вакцина против листериоза.

Leave a Comment