Светскиот ден на менталното здравје се одбележува од 1992 година бидејќи се поизразена е обврската да се зборува за овој проблем и да се работи на негово решавање.

Светскиот извештај за ментално здравје на СЗО, објавен во јуни 2022 година, покажа дека од една милијарда луѓе кои живеат со ментално растројство во 2019 година, 15% од возрасните на работоспособна возраст доживеале ментално растројство. Работата ги засилува пошироките општествени прашања кои негативно влијаат на менталното здравје, вклучително и дискриминација и нееднаквост. Силеџиството и психичкото насилство (исто така познато како „мобинг“„булинг“) се клучна поплака за вознемирување на работното место што има негативно влијание врз менталното здравје. Се проценува дека годишно се губат 12 милијарди работни денови поради депресија и анксиозност што ја чинат глобалната економија речиси 1 трилион американски долари.

Глобалните упатства на СЗО за менталното здравје на работа препорачуваат активности за справување со ризиците за менталното здравје како што се тешките оптоварувања, негативните однесувања и други фактори кои создаваат вознемиреност на работа. За прв пат СЗО препорачува обука на менаџери, за да се изгради нивниот капацитет за спречување на стресни работни средини и одговор на работниците во неволја.Менталното здравје подразбира хармоничен однос во самата личност во емоционална, интелектуална и социјална смисла. Менталното здравје е многу важно за доброто функционирање на секој поединец и општество, бидејќи менталните нарушувања не само што предизвикуваат влошување на квалитетот на животот, страдање и отуѓување на засегнатите лица, туку создаваат огромен товар врз целата заедница, со посредство на економски фактори.Фреквенцијата на стресни нарушувања е висока, а депресијата, бројот на самоубиства, злоупотребата на алкохол и супстанции, како и психосоматските нарушувања се во пораст.

Подобрувањето на менталното здравје вклучува широк спектар на активности, но првенствено стратегии поврзани со промоција и одржување на благосостојбата на поединците. Подобрувањето на менталното здравје и понатаму останува најнеразвиената област во сферата на унапредување на здравјето, без разлика што постои свест дека нема здравје без добро ментално здравје. Позитивното ментално здравје вклучува самодоверба, способност за решавање проблеми и адаптација на секој ментален стрес.

Потребата за позитивно ментално здравје е универзална и се однесува на сите нас. Многу е важно да се осмислат и воведат програми за подобрување на менталното здравје на младите, на возраст од 14-18 години, што би влијаело на зајакнување на самодовербата и со тоа би влијаело на намалување на зачестеноста на зависности, пушење и алкохолизам кај младa популација.

Leave a Comment