Одделението за социјална медицина, при ЦЈЗ Тетово, како основни ги има задачите и активностите кои се во рамките на Програмата за превентивна здравствена заштита на Р. Северна Македонија.
Контролира, обработува, анализира и следи, демографските, витално-статистичките и здравствените показатели кои се релевантни за оцена на структурата, природното движење, здравствената состојба, примарната и секундарната здравствена заштита на населението како и организацијата на здравствената заштита во општините на подрачјето на ЦЈЗ Тетово.
Ги обработува здравствено-статистички податоци од извештајните образци, предвидени со Законот за здравствена заштита на населението на Република Северна Македонија, во кои се води евиденција од областа на здравството во примарната, специјалистичко-кoнсултативната и во секундарна здравствена заштита. Истите до службата се доставуваат од опшествените и приватните здравствени организации.
Статистичките показатели за примарната и секундарната здравствена заштита континуирано се прибираат и анализираат, а се однесуваат на кадровска обезбеденост и мрежата на здравствените организации, посетите, прегледите, регистрираниот морбидитет и морталитет со посебен акцент на хроничните незаразни заболувања (малигни заболувања, кардиоваскуларни, шеќерна болест, болести на зависност и др).
Податоците кои се однесуваат на здравствената состојба и здравствената заштита на населението во општините на подрачјето на ЦЈЗ Тетово, компјутерски се внесуват и обработуваат преку соодветни софтвери и се изготвуваат тромесечни, шестмесечни и годишни извештаи, анализи, програми и планови предвидени во работните задачи на социјално медицинската дејност во согласност со Програмата за превентивна ЗЗ во Р. Северна Македонија.
Преку добиените податоци и дополнителни здравствени-истражувачки активности се врши мерење и проучување на здравје то на одделни категории на население како и валуацијата на ефикасноста и квалитетот на здравствената заштита. Се укажува на недостатоците и се дава стручно методолошка помош на соодветните здравствени организации,
По барање на општините на подрачјето на ЦЈЗ Тетово, во соработка со санитарно-хигиенската епидемиолошката служба во ЦЈЗ Тетово, како и соодветните инспекциски служби, на Советот на општините им поднесува извештаи кои се од интерес за соодветната општина и изготвува предлог програми за заштита на здравјето на населението со локално значење а со цел правилно креирање на здравствената политика и одредување на здравствените ризици, нивно одстранување или спречување на подрачјето на ЦЈЗ Тетово.
Врши планирање, координирање и спроведување на активностите од областа на здравственото воспитување кои имаат за цел подигање на свеста за значењето на здравјето како и значењето на превенција и рано откривање на заболувањата, а пред се на оние со социјално-медицинско значење.
Се превземаат и активности за промоција на здравјето и активности за одбележување на Светскиот ден на здравјето, Светскиот ден на борба против пушењето, малигните заболувања и заболувањата на кардио-васкуларниот систем.
Во здравствено воспитните активности се вклучени здравствени работници , психолози, социјални работници, стручни лица за заштита при работа.
Активностите се одржуваат целата година во вид на предавања трибини, изготвување на здравствено воспитен материјал, радио и ТВ емисии.