Одделението за социјална медицина, при ЦЈЗ Тетово, како основни  ги  има  задачите и активностите кои се во рамките на Програмата за превентивна здравствена заштита на Р. Северна Македонија.

Контролира,  обработува, анализира и следи, демографските, витално-статистичките и здравствените показатели кои се релевантни за оцена на структурата, природното движење, здравствената состојба, примарната и секундарната здравствена заштита на населението како и организацијата на здравствената заштита во општините на  подрачјето на ЦЈЗ Тетово.

Ги обработува здравствено-статистички податоци од извештајните образци, предвидени со Законот за здравствена заштита на населението на Република Северна Македонија, во кои се води евиденција  од областа на здравството во примарната, специјалистичко-кoнсултативната и во секундарна здравствена заштита. Истите до службата се доставуваат од  опшествените и приватните здравствени организации.

Статистичките показатели  за  примарната и секундарната здравствена заштита  континуирано се прибираат и анализираат, а се однесуваат на кадровска обезбеденост и  мрежата на здравствените организации, посетите, прегледите, регистрираниот морбидитет и морталитет со посебен акцент на хроничните незаразни заболувања (малигни заболувања, кардиоваскуларни, шеќерна болест, болести на зависност и др).

Податоците кои се однесуваат  на здравствената состојба и здравствената заштита на населението во општините на подрачјето на ЦЈЗ Тетово, компјутерски се внесуват и обработуваат преку соодветни софтвери и се изготвуваат  тромесечни, шестмесечни и годишни извештаи, анализи, програми и планови  предвидени во работните  задачи на социјално медицинската дејност во согласност со Програмата за превентивна ЗЗ во Р. Северна Македонија.

Преку добиените податоци и дополнителни здравствени-истражувачки активности се врши мерење и проучување на здравје то на одделни категории на население како и валуацијата на  ефикасноста и квалитетот на здравствената заштита. Се укажува  на недостатоците и се дава стручно методолошка помош на соодветните здравствени организации,

По барање на општините на подрачјето на ЦЈЗ Тетово,  во соработка со санитарно-хигиенската епидемиолошката служба во ЦЈЗ Тетово, како и соодветните инспекциски служби, на Советот на општините  им поднесува извештаи кои се од интерес за соодветната општина и  изготвува предлог  програми  за заштита на здравјето на населението со локално значење а со цел правилно креирање на здравствената политика и одредување на здравствените ризици, нивно одстранување или спречување  на подрачјето на ЦЈЗ Тетово.

Врши планирање, координирање  и спроведување на активностите  од областа на  здравственото воспитување кои имаат за цел подигање на свеста за значењето на здравјето како и значењето на  превенција и рано откривање на заболувањата, а пред се на оние со социјално-медицинско значење.

Се превземаат и активности за промоција на здравјето и активности за  одбележување на  Светскиот ден на здравјето, Светскиот ден на борба против пушењето, малигните заболувања и заболувањата на кардио-васкуларниот систем.

Во здравствено воспитните активности се вклучени  здравствени работници , психолози, социјални работници, стручни лица за заштита при работа.

Активностите  се одржуваат целата година во вид на предавања трибини, изготвување на здравствено воспитен материјал, радио и ТВ емисии.