Листериозата е бактериска цревна инфекција која се јавува како резултат на консумирање храна контаминирана со бактерии од родот Listeria, најчесто видот Listeria monocytogenes, кој обично е широко распространет микроорганизам сеприсутен во животната средина и во суровата храна, а следствено се појавува и во областите на производство на храна. Најголем ризик за пренос на болеста е растот на оваа бактерија по завршениот процес на производство или готвење, или во суровата храна.

Симтоми

Лисстериозата може да предизвика различен спектар на симптоми.

Некои пациенти може да немаат симптоми. Најчесто пациентите имаат симптоми на гастроентеритис ( гадење, болки во стомакот, пролив, главоболка, треска). Исто така поретко но можат да се јават комликациии како˸ сепса, воспаление на мозокот и мозочните обвивки, воспаление на обвивката на срцето.

Како може да се заболи

Бактеријата која предизвикува листериоза е широко распространета во животната средина и може да се најде во почвата, површинските води, вегетацијата и голем број домашни и диви животни ( кои најчесто немаат симптоми).

Повеќето луѓе заболуваат преку консумирање на загадена храна, но можно е заразување преку директен контакт, како и со вдишување.

Бактеријата листерија може да расте во понискиот температурен опсег од 0 °C до 45 °C, па затоа преживува и се размножува на нормални температури во фрижидер, што ја прави особено опасна. Сепак, добрата термичка обработка, готвењето и печењето ги уништуваат бактериите. Храната што не е оладена на температура на фрижидер, како и храната што е премногу бавно оладена, е изложена на зголемен ризик од зголемување на бројот на листерии. Во високоризична храна складирана во фрижидер, како што се меко сирење, непастеризирано млеко и млечни производи, чадена риба, замрзнато месо, исечени сувомеснати производи,  предходно подготвени салати и сендвичи. Присуството на оваа бактерија во која било концентрација е значајно за јавното здравје бидејќи постои можност за нејзин раст и размножување за време на складирањето.

Дијагноза

Лабараториски тестови за докажување на инфекција со листерија од примероци на крв или цереброспинална течност.

Се прават и лабараториски тестови на храна со цел пронаоѓање на изворот на Listeriа.

 Лекување

Третманот е со соодветни антибиотици.

Особено чувствителни лица

  • бремени жени
  • лица со ослабен имунолошки систем
  • стари лица и пациенти во болници,

Како може да се намали ризикот од добивање листериоза?

Општите упатства за спречување на листериоза се слични на оние што се користат за спречување на болести што се пренесуваат преку храна. Постојат препораки за луѓе со поголем ризик од листериоза, како и препораки за превенција на листериоза поради несоодветно ракување со храна (краставица, дињи, други сурови производи).

Општи препораки за превенција од листериоза

  • Темелно измијте ги суровите производи, како што се овошјето и зеленчукот, под млаз хигиенска вода пред јадење, сечење или готвење. Дури и ако производот ќе биде излупен, сепак треба прво да се измие. Погрижете се производите како што се дињите и краставиците добро да се истријат со четка доколку е потребно.
  • Конзумирање на пастеризирано млеко и млечни производи подготвени ислучиво од пастеризирано млеко, бидејќи со процесот на пастеризација доаѓа до уништување на бакеријата.
  • Исушете ги производите со чиста крпа или хартиена крпа.
  • Одделете го невареното месо и живина од зеленчукот, зготвената храна и храната готова за јадење.
  • Одржувајте ја кујната и сите прибор и опрема што е можно поуредни, чисти и безбедни.
  • Мијте ги рацете, ножевите, работните површини и даските за сечење по ракување и подготовка на сурова храна
  • Внимавајте на температурата на фрижидерот и замрзнувачот и редовно проверувајте ја. Температурата во фрижидерот треба да биде okolu 4°C или пониска, а во замрзнувачот -18°C или пониска
  • Доколку во фрижидерот се истури течност од сокови од месо, сурово месо и сурова живина, потребно е веднаш да се исчисти.
  • Редовно чистете го фрижидерот, ѕидовите и полиците со топла вода и детергент
  • Грижете се за правилно распоредување на храната во фрижидерот, термички обработената храна и храната што е готова за јадење се чуваат над суровата и непреработената храна.
  • Добра i dovolno  dolga vremenski i na dovolno visoka temperaturа термичка обработка на месо и живина.
  • Складирајте храна безбедно. Листеријата може да се скрие во многу видови храна. Готовите оброци треба да се користат што е можно поскоро.
  • Подготвените оброци што планирате да ги користите подоцна треба да се поделат во плитки садови, брзо да се изладат и складираат добро затворени (со херметички капаци, пластична или алуминиумска фолија). Употребете во рок од 3 дена. Не го чувајте производот во фрижидер по истекот на рокот на траење.
  • Сечканите сирења и сувомеснатите производи не треба да се чуваат во фрижидер повеќе од 3 до 5 дена.

Не постои вакцина против листериоза.