Денес се одбележува 31-ви мај, Светскиот ден без тутун 2025, под мотото: „Разоткривање на привлечноста – разобличување на тактиките на индустријата за тутун и никотин“. Зад секој уред со сладок мирис и елегантен изглед се крие горчлива вистина. Индустријата за тутун и никотин се модернизираше — но целите останаа исти: да направат што повеќе луѓе зависни и да го зголемат профитот.
Маркетинг содржините за е-цигари, никотински кесички и загреан тутун бројат повеќе од 3,4 милијарди прегледи на социјалните мрежи!
Платени инфлуенсери се користат за да го прикажат користењето тутун и никотин како тренд. Филтрите се маркетиншки трик создаден за цигарите да се прикажат побезбедни — но тие се поврзуваат со појава на поагресивен вид рак на белите дробови. Пушењето убива, со или без филтер.
„Без чад“ не значи и безбедно. Сите тутунски производи се штетни и предизвикуваат зависност. А последиците?
Речиси 1 милион смртни случаи годишно во Европскиот регион на СЗО поради употреба на тутун.
153.000 смртни случаи поради пасивно пушење. Време е да ги запреме лагите.
Без додадени вкусови! Без манипулации!
WHO Regional Office for Europe

