Здравјето на децата претставува општествена одговорност, а училиштето е средина во која се стекнуваат навики што го следат човекот низ целиот живот. Во таа насока, Центарот за јавно здравје потсетува на значењето на следниве превентивни практики:

  • Вакцинација според Националниот календар за имунизација.
  • Редовно и правилно миење на рацете како основна мерка за спречување на ширење на заразни заболувања.
  • Балансирана и здрава исхрана, со редовно консумирање овошје, зеленчук, доволна количина вода за подобра концентрација и енергичност.
  • Правилна телесна положба при седење во училишните клупи како превенција од нарушено држење на телото и мускулно-скелетни проблеми.
  • Физичка активност, која придонесува за правилен раст и развој.
  • Редовен и квалитетен сон, неопходен за когнитивни способности и психофизичка стабилност.

Центар за јавно здравје Тетово останува посветен на промоција на здрави животни стилови и обезбедување на поддршка во заедницата со цел создавање на безбедна и здрава средина за сите ученици.

На учениците, наставниците и родителите им посакуваме успешна и здрава учебна година.