Денеска се одржа значајна средба помеѓу претставници на Центарот за јавно здравје и Муфтијата на Исламската верска заедница во Тетово, г. Селвер Џемаили, заедно со неговиот кабинет.
На средбата се разговараше за важноста на вакцинацијата на аџиите пред нивното заминување на Хаџ, како клучна мерка за заштита на индивидуалното и јавното здравје. Беше истакната потребата од институционална соработка и подигнување на свеста кај верниците за значењето на вакцинацијата и превентивните мерки.
Страните се согласија за понатамошна координација со цел што подобра организација на овој процес и обезбедување безбедна сезона за сите аџии.
