Денес, заедно со тимот од Одделението за епидемиологија, го започнавме процесот на вакцинација на аџиите од регионот на Тетово и Гостивар. Ова претставува значаен чекор за заштита на нивното здравје и за безбедно патување кон светите места.
Искрено им се заблагодарувам на сите здравствени работници за нивната посветеност, професионалност и неуморна работа во служба на граѓаните. Воедно, на аџиите им посакувам добро здравје, среќен пат и прифатени молитви.
Нашата посветеност продолжува со одговорност и професионализам, со цел да обезбедиме сигурност и квалитетна здравствена заштита за сите.
