На 12 мај се одбележува Меѓународниот ден на медицинските сестри и техничари, во чест на Флоренс Најтингејл – основоположничка на модерното сестринство. 🌟

Овој ден е можност да се истакне значењето на медицинските сестри како незаменлив дел од здравствениот систем и нивната клучна улога во унапредувањето на здравјето, превенцијата на болести и грижата за пациентите. ❤️🏥

Медицинските сестри се најбројната професионална група во здравството и секојдневно обезбедуваат стручна, хумана и посветена грижа за пациентите. 🤍

Нивната работа е од исклучително значење за квалитетот, безбедноста и достапноста на здравствените услуги. 🙌

Темата на Меѓународниот ден на медицинските сестри за 2026 година, утврдена од Меѓународниот совет на медицински сестри (ICN), гласи:

💬 „Нашите медицински сестри. Нашата иднина. Овластените медицински сестри спасуваат животи“

Со ова се нагласува потребата од инвестирање во образованието, професионалниот развој и подобрувањето на условите за работа на медицинските сестри. 📚✨

По повод 12 Мај – Меѓународниот ден на медицинските сестри и техничари, изразуваме искрена благодарност и почит за нивната пожртвуваност, професионалност и континуирана грижа за здравјето на населението. 👏💙

Среќен Меѓународен ден на медицинските сестри и техничари!