Речиси 60% од корисниците на тутун посакуваат да престанат со пушење.
Тоа се 750 милиони луѓе ширум светот.
Со поддршка, ТИ МОЖЕШ да ја оствариш својата желба.
И откажувањето од пушење е подарок што продолжува да дава:
За 20 минути, срцевиот ритам се намалува
По 2–12 недели, функцијата на белите дробови се подобрува
По 1 година, ризикот од срцеви заболувања се намалува за половина
Можеш да ја победиш зависноста.
Помош е достапна, откажи се од пушење денес [ЛИНК за поддршка при откажување од пушење]
#СветскиДенБезТутун
#РазоткриенТутун
——–
Компаниите за тутун и никотин намерно ги дизајнираат своите производи за да те направат зависен.
Шеќерите, аромите и средствата за ладење ја прикриваат грубоста на никотинот, за да вдишуваш повеќе и побрзо да станеш зависен.
Но зависноста може да се победи. А придобивките се чувствуваат речиси веднаш:
За 20 минути, срцевиот ритам се намалува
По 2–12 недели, функцијата на белите дробови се подобрува
По 1 година, ризикот од срцеви заболувања се намалува за половина
Што те спречува да се откажеш?
Направи храбар чекор, победи ја зависноста.
Помош е достапна [ЛИНК за поддршка при откажување од пушење]
———
Некои цимери изгледаат супер. А потоа се обидуваат да ти го преземат животот.
Звучи познато?
Токму таква е зависноста од тутун и никотин: наметлива и убедувачка дека ти е потребна, дури и кога не е.
Подготвен/а си да ја исфрлиш зависноста од твојот живот?
Одреди датум за откажување
Кажи му на некого кому му веруваш
Разговарај со здравствен работник
Замени ја зависноста со нешто здраво
ТИ МОЖЕШ да живееш без овој „цимер“. Започни тука.
———-
Во многу земји, младите од 13-15 години ги надминуваат возрасните во користење на вејпови. Ова е стапица.
Тутунските компании ги таргетираат младите, чии мозоци се ранливи на зависност од никотин.
И вејпањето може да наштети повеќе отколку што мислиш:
Никотинот создава силна зависност и го нарушува развојот на мозокот кај лица под 25 години
Аеросолите од вејповите содржат токсични супстанции
Вејпањето го зголемува ризикот од белодробни заболувања
Вејпањето го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања
Еве што треба да направат владите за да ги заштитат младите: Да забранат ароми, маркетинг и дизајни што ја зголемуваат привлечноста кај младите.

