Екипата на Одделението за епидемиологија со ДДД при Центарот за јавно здравје Тетово успешно ја реализираше адултицидната дезинсекција против комарци на територијата на Општина Боговиње.

Оваа активност е дел од превентивните мерки за заштита на јавното здравје, со цел намалување на популацијата на комарците и намалување на ризикот од заболувања кои тие можат да ги пренесуваат.

Во реализацијата на оваа акција учествуваа: д-р спец. Наим Скендери – епидемиолог, Јовица Митровски – лабораториски техничар и Душан Јовановски – лабораториски техничар.

Центарот за јавно здравје Тетово останува посветен на спроведување на стручни и превентивни мерки за заштита и унапредување на здравјето на граѓаните.