Општина Гостивар, Кризниот штаб на централно и локално ниво, како и ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, интензивно работат на терен за нормализирање на состојбата со водоводниот систем.

Ги повикуваме граѓаните, за текот на процесот, да се информираат исклучиво преку официјалните соопштенија на надлежните институции и да не шират или да не се потпираат на лажни информации што кружат на социјалните мрежи.

За секој нов развој на настаните, граѓаните ќе бидат навремено информирани, како за анализите и резултатите од квалитетот на водата, така и за состојбата на водоводниот систем.