Првиот национален форум „Општини за здравје“ ја истакна важноста на соработката меѓу здравствените установи и општините во областа на јавното здравје и превенцијата.

Министерот за здравство, Сашо Клековски, како приоритети ги истакна: превенцијата од западнонилска треска, обезбедувањето чиста и питка вода, здравјето на децата и младите и контролата на пушењето.

На овој форум присуствуваа и директорот на Центарот за јавно здравје – Тетово, д-р Шаќир Зулбеари и д-р спец. Наим Скендери.

Меѓуинституционалната соработка и посветеноста на општините се од суштинско значење за заштитата и унапредувањето на јавното здравје.