Во ЦЈЗ ЈЗУ од 2013 година успешно е имплиментиран и воспоставен системот за управување на квалитет ISO 9001 при што институцијата, за сите поединечни процеси има дефинирано единствени документирани процедури, работни упатства и обрасци кои постојано се менуваат и подобруваат и се применливи во секојдневните работни обврски и задачи со цел обезбедување на квалитетни услуги на пациентите и правните субјекти како трајни корисници. Моментално во нашата институција ефикасно е имплементиран ISO 9001 2015, со сертификат од акредитирано сертифицирано тело со важење од 3 години.
