Дебелината претставува глобален предизвик кој ги погодува сите слоеви на општеството, без разлика на полот, возраста, социјалниот статус или населеното место. Во Северна Македонија, како и ширум светот, се соочуваме со сè поголеми стапки на дебелина. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека 30,4% од децата на возраст 6-9 години живеат со вишок на килограми. Од нив, 13,8% живеат со дебелина, а 4,4% со екстремна дебелина. Меѓутоа, досегашните напори, кои главно беа насочени кон поединците, веќе не се доволни.
На Светскиот ден на дебелината 2025 година, време е да се обединиме за промена системите кои ја поддржуваат оваа здравствена криза. Време да ја поразиме т.н. „обезогена средина“.
Дебелината не е само резултат на лоши избори или недостаток на дисциплина. Таа е болест која ја зголемува веројатноста за развој на други сериозни здравствени проблеми, како што се срцеви заболувања, дијабетес и рак. Затоа е важно дебелината да се препознае како болест и да се интегрира во здравствените системи како основен приоритет за превенција и третман.