Оралното здравје е состојба на устата, забите и орофацијалните структури која му овозможуваат на поединецот да вршат суштински функции како што се јадење, дишење и зборување, но ги опфаќа и психосоцијалните димензии како што се самодовербата, благосостојбата и способноста за дружење и работа без болка, непријатност и срам. Оралното здравје варира во текот на животот од раѓањето до староста, тоа е составен дел на општото здравје и ги поддржува поединците да учествуваат во општеството и да го постигнат својот потенцијал.

Приближно 3,7 милијарди луѓе (46,8% од светското население) се погодени од орални заболувања. Меѓу нив, околу 1,9 милијарди живеат во земји со низок и среден приход .

Во однос на факторите на ризик, според извештајот, потрошувачката на слободни шеќери е значаен фактор на ризик за забен кариес и други НЗБ, а во однос на заштитните фактори, флуоридот има добро воспоставена и важна улога во спречувањето на забен кариес.