Со гордост информираме дека ЈЗУ Центар за јавно здравје – Тетово веќе од 2008 година континуирано го гради и унапредува системот за управување со квалитет согласно cтандардот ISO 9001.

Како дел од нашата посветеност кон квалитет и постигнатото подобрување, воспоставивме соработка со сертификациско тело ИНТЕРЦЕРТ од Скопје, со што го продолжуваме континуитетот во сертификацијата и успешната примена на IS0 9001:2015.

Овој чекор претставува уште една потврда за нашата заложба за обезбедување високи стандарди во работата и услугите кои ги нудиме. Сертификатот е признание за ангажманот и професионалноста на сите вработени, но и потсетник дека процесот на подобрување е континуиран.