На 24 март 2026 се одбележува Светскиот ден за борба против туберкулозата, со цел подигнување на свеста за оваа сè уште значајна јавно-здравствена болест и поттикнување заедничка акција за нејзина контрола и елиминација.
Темата за 2026 година – „Да! Можеме да ставиме крај на туберкулозата!“ – испраќа порака на надеж дека преку навремена дијагностика, достапен третман, инвестиции во здравството, научни иновации и силна меѓусекторска соработка, можно е да се стави крај на епидемијата.
Иако во Република Македонија бројот на нови случаи е релативно стабилен, зголемениот број активни случаи укажува дека потребни се континуирана превенција, информираност и активно вклучување на целото општество во борбата против туберкулозата.
Институт за јавно здравје на Република С. Македонија
Прочитајте повеќе на:
https://iph.mk/mk/news/index/1722
