Денес, на ден 05.03.2026 година во Општина Боговиње се одржа работна средба помеѓу градоначалникот на општината и претставниците на Центарот за јавно здравје.

На средбата присуствуваше директорот на Центарот за јавно здравје, д-р Шаќир Зулбеари, заедно со стручниот тим составен од д-р Наим Скендери – епидемиолог, Арѓенд Бајрами – технолог и Александра Мирчевска – одговорна за јавни набавки.

За време на средбата се разговараше за активностите и мерките што треба да се преземат на општинско ниво во врска со процесите на дезинфекција, дезинсекција и дератизација, како важни мерки за заштита на јавното здравје. Исто така, значаен дел од дискусијата беше посветен на дезинфекцијата на водата и грижата за обезбедување чиста и безбедна вода за пиење за граѓаните на Општина Боговиње.

На средбата беше истакната важноста од континуирана соработка и координација помеѓу институциите за успешно реализирање на овие активности и за подобрување на хигиенско-санитарните услови во општината, со цел заштита и унапредување на здравјето на граѓаните.