По појавата на зголемен број случаи со симптоми на повраќање и дијареја на подрачјето на Општина Гостивар, Центарот за јавно здравје веднаш се активираше за утврдување на причинителот.
Земени се мостри од водата и други примероци согласно епидемиолошките протоколи, кои се испратени на лабораториска анализа. Нашите тимови работат интензивно и се во постојана координација со цел што побрзо да се утврди причината за оваа состојба.
Веднаш по добивањето на официјалните лабораториски резултати, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана.
Ви благодариме за разбирањето и соработката.
Центар за јавно здравје Тетово